Во многу компании, секојдневието изгледа вака:

  • Исти производи во различни големини и бои се внесуваат како посебни артикли → резултатот е долги и непрегледни листи.
  • Грешки во залиха – имате залиха за маици „црна XL“, но не знаете колку точно и често доаѓа до погрешни испораки.
  • Тешкотии со пребарување и фактурирање – губите време да го најдете точниот артикл во морето од слични шифри.
  • Нема јасна анализа – тешко е да се следи која боја, модел или големина најмногу се продава.

Овие проблеми не само што создаваат хаос, туку и директно влијаат на трошоци, задоволство на клиентите и брзината на работа.

Решението – Параметри и Параметарски групи во HELIX

Со HELIX, сите овие компликации се поедноставуваат.

  • Наместо стотици артикли, имате еден производ со параметри (боја, големина, модел…).
  • Залихата е детална и прецизна – секој параметар се следи одделно.
  • При издавање понуда или фактура, лесно бирате од листа наместо да барате низ долг каталог.
  • При продажба, веднаш добивате информација колку и од која големина имате на лагер и во која продавница
  • Добивајте јасни извештаи по параметри – на пример, кои бои се најпопуларни или која големина најбрзо се продава.

Што значи ова за вашата компанија?

  • Повеќе ред, помалку хаос – систематизирана база на артикли.
  • Прецизна залиха – знаете точно што имате и во која варијанта.
  • Побрза работа – без непотребно пребарување и грешки во документи.
  • Подобри одлуки – знаете на што да се фокусирате во продажбата и набавките.

👉 Ако и кај вас постои „џунгла од артикли“, време е да ја замените со јасна и ефикасна структура. HELIX ги решава овие проблеми со една едноставна, но моќна функционалност – параметри и параметарски групи.

Решение за хаосот со артикли

Не дозволувајте хаосот во артиклите да ве чини време и пари – јавете се уште денес и откријте ја предноста на HELIX.