Нашата компанија Зонел Софтвер се претстави со свои производи на конференцијата и панел дискусијата на тема „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско – прехранбен сектор” во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ).
Повод за одржување на конференцијата е отворање нова интердисциплинарна студиска програма по Дигитално земјоделство.
На конференцијата, научната мисла и идеја, преку дискусиите на присутните претставници на неколку образовни институции, на бизнис секторот и на експерти од Хрватска и Словенија, сe соочи со практичното искуство како да се прилагоди студиската програма и да се одговори на барањата на реалниот сектор.
Претставивме решенија за сите предизвици на земјоделските компании
На конференцијата претставивме неколку одлични решенија кои значително го подобруваат бизнисот на многу компании од земјоделската индустрија.
Агроекономија и сметководство на земјоделски стопанства: Со ЗОНЕЛ Софтвер, лесно управувајте со Вашето земјоделско стопанство и одржувајте прецизни финансиски записи. Нашиот софтвер овозможува напредно агроекономско планирање и ефикасно сметководство, што ви помага да ги намалите трошоците и да ги максимизирате приходите.
Управување со свињарски фарми, фарми со пилиња, одгледување на телиња и производство на печурки: ЗОНЕЛ Софтвер обезбедува специјализирани модули за управување со различни типови фарми, вклучувајќи свињарски фарми, фарми со пилиња, одгледување на телиња и производство на печурки. Нашиот софтвер ви помага да ги следите сите аспекти на вашето производство.
Откуп на тутун, млеко, јаболко и грозје: Управувајте со процесот на откуп на земјоделски производи како тутун, млеко, јаболко и грозје со леснотија. ЗОНЕЛ Софтвер овозможува следење на количини, квалитет и цени, обезбедувајќи ви целосен увид и контрола врз вашите деловни активности.
Мониторинг на температура и влага во просториите за чување на производите: Обезбедете оптимални услови за чување на Вашите производи со ЗОНЕЛ Софтвер. Нашиот систем за мониторинг на температура и влага обезбедува следење и известување во реално време, помагајќи ви да ги зачувате квалитетот и свежината на вашите производи.
Доколку имате повеќе прашања околу тоа како комплетно да ги дигитализирате процесите во Вашата компанија, слободно побарајте нѐ на 070/227-162 goce.dzurovski@zonel.com.mk (Гоце) или на 078/435-632(Марјан) marjan.angelovski@zonel.com.mk .
