Опслужувајте повеќе фирми со истиот тим — полесно, побрзо и поквалитетно.
Кога секој документ, фактура и пресметка бара рачна обработка, растот на сметководствената фирма носи и поголем притисок врз тимот. HELIX ERP ви помага да ги поврзете процесите, да автоматизирате повторувачки задачи и да ослободите време за клиентите и за развојот на фирмата.
Повеќе клиенти треба да значат повеќе деловни можности, а не бескрајно повеќе внесување, проверување и барање документи.
Фактури, прилози и информации пристигнуваат преку различни канали. Тимот губи време собирајќи ги податоците пред воопшто да започне со обработка.
Рачното внесување и проверување на податоци го зголемуваат обемот на работа и создаваат дополнителни можности за грешки.
Документи кои недостасуваат, прашања и дополнителни барања го одвлекуваат вниманието од планираните задачи.
Кога бројот на клиенти расте, а процесите остануваат исти, тимот брзо доаѓа до границата на својот капацитет.
HELIX ERP нуди функционалности што помагаат да се намали повторувачката работа во сметководството и да се забрза обработката на документацијата и периодичните обврски.
Намалете ја рачната обработка на материјалните фактури и забрзајте го внесувањето на податоците во сметководствената евиденција.
Поедноставете ја обработката на трошковните фактури и намалете го времето што се троши на повторувачки сметководствени задачи.
Поедноставете ја подготовката на ДДВ-пријавата и намалете ги рачните чекори при исполнување на периодичните даночни обврски.
Намалете ја потребата од повторувачки рачни активности при подготовката на завршната преметка.
Забрзајте ја обработката на документацијата со скенирање и преземање податоци од документи, со помалку рачно внесување.
Поедноставете го процесот на подготовка на калкулации врз основа на скенираната документација, наместо повторно рачно да ги внесувате податоците.
Користете AI-помош за полесно анализирање на финансиските податоци и добивање насоки за нивно толкување.
Добијте дополнителна помош при работа со информации и анализи, без секоја задача да започнува со рачно пребарување на податоци.
Намалете го рачното проверување и преземање на влезните фактури од системот за е-фактури и поедноставете го нивниот прием во сметководствениот процес.
Е-фактурата не мора да биде уште една административна обврска за вашата сметководствена фирма. Со соодветно поврзани процеси, размената на информации со клиентите може да биде поедноставна и поефикасна.
Клиентите работат со своите фактури во системот за е-фактури, додека вашата фирма го организира сметководствениот процес и обработката на документацијата.
Намалете го рачното преземање и проверување на влезните е-фактури и ослободете време за други сметководствени задачи.
Подобро организираниот тек на документацијата ви помага полесно да ги планирате обврските и да го намалите времето потрошено на дополнителна комуникација.
Наместо најголемиот дел од времето да оди на обработка, тимот може повеќе да се посвети на анализа, навремени информации и квалитетна услуга за клиентите.
Создадете услови за опслужување повеќе клиенти без секое зголемување на обемот на работа автоматски да значи и потреба од нов вработен.
Насочете поголем дел од времето кон толкување на финансиските информации и подобра поддршка за деловните одлуки на клиентите.
Намалете го бројот на повторувачки рачни чекори и воспоставете поорганизиран начин на работа низ клиентите и периодичните обврски.
Периодот пред новата деловна година е добра можност да ги преиспитате постојните процеси, да ги утврдите потребите и да испланирате премин кон поефикасно сметководствено работење.
Воведувањето нов сметководствен софтвер не завршува со инсталацијата. Потребни се разбирање на вашите процеси, правилна поставеност, обука и поддршка во секојдневното работење.
Со ЗОНЕЛ Софтвер добивате партнер кој ги разбира деловните и сметководствените процеси и ви помага HELIX ERP да го користите на начин што одговара на вашата фирма.
Закажете состанок со ЗОНЕЛ Софтвер и разгледајте како HELIX ERP може да се вклопи во процесите на вашата сметководствена фирма.