И понатаму продолжуваме навремено да ги следиме и имплементираме сите законски измени, за Вашата компанија да може без прекин да работи согласно важечката регулатива. Со HELIX ERP, законските усогласувања се достапни навреме, овозможувајќи сигурна и точна обработка на податоците.
Законска 128 (30.07.2026): Нови стапки за пресметка на придонес за стаж со зголемено траење од јули 2026
Оваа законска измена се однесува на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 148 од 06.07.2026 година, со кој се врши промена на стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење.
Во согласност со законските измени, во HELIX ERP се имплементирани новите стапки на придонесот за ПИО за стаж со зголемено траење, и тоа:
- 9,95% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци;
- 8,29% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци;
- 6,63% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци;
- 4,98% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци;
- 3,32% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци;
- 1,66% – за работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.
Промените се имплементирани во следните модули на HELIX ERP:
- Динамички извештај;
- Сите извештаи од Креатор ПЛУС;
- Исплатни ливчиња;
- Печатење потврди и други пропратни документи.
Новите стапки ќе се применуваат при пресметката на плата почнувајќи од јули 2026 година, согласно важечките законски прописи.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX ERP, како и за другите претходни Законски измени, можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.

