HELIX ERP

Не е проблем да издадете фактура.
Проблем е да ги добиете парите навреме.

Продажбата завршува кога ќе ја издадете фактурата.
А наплатата започнува тогаш.

Наплата наспроти издавање

Секој бизнис знае да продаде. Секој знае да издаде фактура.

Но вистинското прашање е: колку време ќе помине додека парите не пристигнат на вашата сметка?

  • Еден ден?
  • Десет?
  • Еден месец?

Во меѓувреме, вашите обврски не чекаат — плати, добавувачи, ДДВ, кредити, нови инвестиции.

Ликвидноста не зависи од бројот на издадени фактури.
Ликвидноста зависи од брзината на наплатата.

Вистинскиот проблем

Најголемиот проблем не е клиентот. Најголемиот проблем е тишината.

  • Фактурата е испратена.
  • Потоа... никој не комуницира.
  • Никој не потсетува.
  • Никој не испраќа информација за достасаните обврски.
  • Фактурата останува во преполно сандаче, чека одобрување или е заборавена.

Не затоа што клиентот не сака да плати. Туку затоа што никој не го потсетил во вистинскиот момент.

Автоматска комуникација

HELIX ERP ја претвора комуникацијата во дел од процесот на наплата.

По издавањето на фактурата, системот продолжува да работи за вас. Во вистинскиот момент може автоматски да испрати:

📧Фактура по е-пошта
💬Viber порака
📱SMS известување
📄Извод на отворени ставки
💰Вкупен заостанат долг
🔔Потсетник за достасани обврски

Вашите клиенти секогаш имаат јасен увид во тоа што е фактурирано, што е платено и кои обврски сè уште се отворени. Нема телефонски повици. Нема рачно испраќање извештаи. Нема пребарување низ Excel табели.

Информиран клиент е клиент што плаќа побрзо.

Во многу компании наплатата започнува дури кога некој ќе се јави по телефон. Со HELIX ERP наплатата започнува многу порано. Понекогаш е доволна една навремена порака за да се реализира уплата што инаку би доцнела со денови.

1 октомври — задолжителна е-фактура Нова ера

Од 1 октомври започнува новата ера на е-фактурата.

Со задолжителната е-фактура, фактурите ќе се доставуваат преку системот на УЈП, а вашите коминтенти ќе можат директно да ги преземат од својот профил. Тоа е голем чекор кон дигитализацијата.

Но е-фактурата решава само еден дел од процесот — испораката на фактурата.

HELIX ERP оди чекор понатаму. По доставувањето на е-фактурата, системот продолжува да комуницира со клиентот преку е-пошта, Viber и SMS, испраќа потсетници, известувања за достасани обврски и информации за заостанатиот долг.

Затоа што испратена фактура не значи и наплатена фактура.

Предвидливост

Cash Flow не треба да биде изненадување.

Замислете секое утро да знаете:

  • Колку средства треба да пристигнат оваа недела.
  • Кои клиенти најмногу доцнат.
  • Кои побарувања претставуваат најголем ризик.
  • Каков ќе биде вашиот Cash Flow следниот месец.

HELIX ERP постојано ги следи побарувањата, роковите за плаќање и динамиката на наплатата. Со интеграцијата со Microsoft Power BI сите тие информации се претвораат во интерактивни контролни табли што овозможуваат јасен увид во ликвидноста и носење побрзи и поквалитетни деловни одлуки.

Наместо да реагирате кога ќе се појави проблем — вие го предвидувате.

Еден процес

Побрзата наплата не значи повеќе работа. Значи подобар процес.

Автоматизирана комуникација Навремени информации Подготвеност за е-фактура Континуирано следење на побарувања Целосен увид во Cash Flow

Сите овие активности се поврзани во еден единствен процес во HELIX ERP.

Продавајте повеќе.
Наплатувајте подобро.

Компаниите не пропаѓаат поради недостаток на фактури. Најчесто пропаѓаат поради недостаток на ликвидност. HELIX ERP ви помага секоја издадена фактура да има многу поголема шанса побрзо да се претвори во уплата.

HELIX ERP. Од фактура до наплата. Од наплата до стабилен Cash Flow.

Закажи презентација