И овој пат остануваме доследни на нашата определба – навремено да ги имплементираме законските измени и да обезбедиме сигурно и непречено работење на Вашиот бизнис. Со HELIX, Вашата компанија секогаш работи усогласено со законската регулатива и е чекор пред предизвиците.

Законска 127 (06.07.2026): Нови стапки за пресметка на придонеси за плата од јули 2026 до декември 2026

Оваа законска измена се однесува на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 148 од 06.07.2026 година, со кој се врши привремена измена на стапките за придонесите од задолжително социјално осигурување за периодот јули – декември 2026 година.

Во согласност со законските измени, во HELIX е имплементирана новата пресметка на придонесите, и тоа:

  • Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО): 19,9% (наместо 18,8%);
  • Придонес за осигурување во случај на невработеност: 0,1% (наместо 1,2%).

Стапките за здравствено осигурување (7,5%) и дополнителниот придонес за осигурување во случај на повреда при работа и професионално заболување (0,5%) остануваат непроменети, при што вкупната стапка на придонесите и понатаму изнесува 28%.

Промените се имплементирани во следните модули на HELIX ERP:

  • Динамички извештај
  • Сите извештаи од Креатор ПЛУС
  • Исплатни ливчиња
  • Печатење потврди и други пропратни документи

 Истите ќе бидат во функција само во наведениот период јули-декември 2026, по што сите пресметки автоматски се враќаат како претходно.

За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.