Ефективното финансиско управување е од витално значење за опстанокот и растот на Вашиот бизнис. Тоа вклучува планирање, организирање, контрола и следење на Вашите финансиски ресурси со цел да ги постигнете Вашите деловни цели.

Доброто финансиско управување ќе Ви помогне  ефикасно да ги користите ресурсите, да ги исполните обврските кон вашите партнери, да стекне конкурентна предност и да го подготвите Вашиот бизнис за долгорочна финансиска стабилност.

Финансискиот менаџмент треба да стане дел од клучните процеси во рамките на Вашиот бизнис и да биде вклучен во Вашето тековно планирање.

Можеби мислите дека следењето на Вашите финансии е комплицирано и збунувачко, но следните десет совети треба да Ви помогнат да стекнете контрола над Вашите финансиски операции.

1. Имајте јасен бизнис план

Деловниот план ќе утврди каде сте и каде сакате да стигнете во текот на следните неколку години. Треба да детализира како ќе го финансирате Вашиот бизнис и деловните активности, колку пари ќе ви требаат и од каде ќе доаѓаат.

2. Следете ја вашата финансиска состојба

Треба редовно да го следите напредокот на вашиот бизнис. Секојдневно, треба да знаете колку пари имате во банката, колку продажби правите и колкаво е нивото на Вашите залихи. Исто така, треба да ја следите Вашата состојба во однос на целите поставени во Вашиот бизнис план на месечно ниво.

3. Обезбедете клиентите да Ви платат на време

Бизнисите може да наидат на големи проблеми поради доцните плаќања на клиентите. За да го намалите ризикот од задоцнување или неплаќање, треба да ги направите Вашите услови за плаќања да бидат јасни од самиот почеток. Исто така, треба брзо да издадете фактури што се јасни и точни. Користењето на софтвер  за управување со фактурирањето и следењето на плаќањата ќе Ви помогне ефикасно да ги следите долговите на клиентите.

4. Обезбедете редовна информација за вашите секојдневни трошоци

Дури и најпрофитабилните компании може да се соочат со тешкотии ако нема доволно готовина за покривање на дневните трошоци, како што се киријата и платите. Треба да бидете свесни за минимумот што му е потребен на Вашиот бизнис и да се обезбедите дека нема да стигнете под овој минимум.

5. Водете редовно ажурирани сметководствени записи

Ако Вашето сметководство не е ажурно, може да ризикувате да изгубите пари, ако не бидете во тек со доцните плаќања на клиентите или не следите кога треба да ги исплатите на време Вашите добавувачи. Користењето на добар систем за сметководствена евиденција ќе ви помогне да ги следите трошоците, долговите и доверителите, да аплицирате за дополнително финансирање и да заштедите време и дополнителни трошоци.

6. Почитувајте ги даночните рокови

Неисполнувањето на роковите за поднесување даночни пријави и редовни плаќања на даночните обврски може да предизвика плаќање на казни и камати. Ова се непотребни трошоци што можат да се избегнат со планирање однапред. Водење на  точна евиденција за даночните обврски заштедува време и пари на Вашиот бизнис.

7. Станете поефикасни и контролирајте ги трошоците

Дали вашиот бизнис работи на најефикасен начин? Заштеда на енергија и пари може да се случи со спроведување на промени во однесувањето и поефикасно користење на постоечката опрема. Тоа е еден од најлесните начини за намалување на трошоците. Трошоци што треба да се разгледаат во една просечна канцеларија вклучуваат греење, осветлување, канцелариска опрема и климатизација.

8. Следење на залихите

Ефикасната контрола на залихите гарантира дека го имате вистинското ниво на залихи достапни во вистинско време, така што Вашиот капитал не се врзува непотребно. Треба да воспоставите системи за следење на нивото на залихи – преземањето контрола врз залихите ќе Ви овозможи да ослободите готовина, а исто така да ја имате вистинската количина на производи на располагање во секое време

9. Користете соодветно дополнително финансирање

Од суштинско значење е да го изберете вистинскиот тип на дополнително финансирање за Вашиот бизнис – секој тип на финансии е дизајниран да задоволи различни потреби. Помалите бизниси обично се потпираат повеќе на пречекорување на лимитите и личните средства, но ова можеби не е најдобриот вид финансирање за Вашата компанија.

10. Решете ги проблемите веднаш кога ќе се појават

Секогаш е многу стресно да се соочите со финансиски проблеми како бизнис, но има достапна помош и совети кои ќе Ви помогнат да се справите со нив пред да биде премногу доцна, затоа побарајте професионален совет што е можно поскоро. Исто така, постојат некои почетни чекори што можете да ги преземете за да го минимизирате влијанието, како на пример: прво да се справите со приоритетните долгови и да процените како можете да го подобрите управувањето со готовинскиот тек

Не губете време, воведете веднаш решение за водење на финансиите на Вашиот бизнис, ЗОНЕЛ Софтвер со HELIX Ви нуди решение за Вашите проблеми.