Можност која ја посакува секој сметководител. Ефикасно и моќно поврзување со сите Ваши клиенти. Со само еден клик целосно преземање на работењето! Нема веќе внесување на купишта фактури. Сѐ е брзо и едноставно! Дознајте како да се поврзете!

Производство, трговија, малопродажба ... Нема проблем!

Можеби водите различни фирми. Можеби некој од Вашите клиенти има комплицирано производство. Многу производни калкулации, повеќе ставки, суровини … Или пак водите повеќе продавници со голем број на фактури… Нема проблем! Имаме решение со кое ќе креирате беспрекорна врска со клиентите. Ова е исклучителна можност од повеќе аспекти. Она што е најважно, работата ќе ја завршувате значително побрзо. Нема веќе рачно книжење на фактури! Доколку се поврзете со најголем број од клиентите, брзината на завршување на работните обврски може да се зголеми и до 90%!!! Тоа го велат нашите ценети клиенти! Тоа значи можност за повеќе слободно време. Можност да водите повеќе фирми. Можност за зголемен профит. Побарајте повеќе информации!

Каков тип на поврзување постои?

Поврзувањето со Вашите клиенти може да биде на два начини:

  1. Преку дополнителна интернет лиценца, каде Вашите клиенти работат на Вашата база преку посебен корисник, односно интернет лиценца.
  2. Преку опцијата „Пренос на податоци“, каде Вашите клиенти имаат сопствен програм, односно сопствена база, а преносот се Врши многу едноставно преку импортирање на податоците на клиентот. Оваа опција нуди можност за дополнителна заработка!

БОНУС СОВЕТ: 5 правила на успешните сметководители

Заработете екстра месечен приход!

Зошто би го препорачале токму Helix на Вашите клиенти? Можеби имате клиенти кои се мачат со лоша наплата, намалена продажба, страв од инспекции, лоша комуникација со сметководството, споро работење… Можеби имате пријател сметководител кој не може да крена глава од работа? Препораката на Helix е најдоброто нешто кое може да им го подарите на пријателите. Препорачајте решение кое е одговор на сите проблеми со кои се мачат македонските компании низ годиниве. Профитот не е единственото нешто кое ќе го добиете со препорака на Helix! Нема поголема добивка од тоа Вашите клиенти да бидат задоволни и среќни.

Повеќе за деловната можност прочитајте тука: Како да заработите дополнителен месечен приход?

Заедница фокусирана на успех!

Станете дел од заедница која е фокусирана на успех! Во животот, кога нешто даваме, добиваме повеќекратно! Помогнете им на Вашите клиенти да ги остварат своите цели. Бидете главна поддршка во сите нивни предизвици. Тоа е единствен сигурен пат до остварување и на Вашите цели! Регистрирајте се како деловен партнер на Зонел Софтвер!