Софтверски партнер кој нема план како да реагира на законските измени и не Ви е од некоја корист. Знаеме дека секоја законска измена е стресна, особено ако сте сметководител. Тоа значи Сизифовска работа и бркање со програмерите за да се направи законската измена. И на крајот, таа никогаш не е направена на време и онака како што Вие сте замислувале. Токму затоа, пред повеќе години одлучивме за прв пат во Македонија на законските измени да одговориме систематски. Овој револуционерен пристап Ве става Вас, почитувани наши клиенти, многу чекори пред останатите сметководители. Ова значи дека Вашите клиенти нема да чекаат за да им направите пресметка на плата, да ги регулирате даноците, да ги искнижите фактурите на време… Ова Ве прави подобри! Без разлика дали во текот на една година има три, четири или повеќе законски измени, со активниот пакет на одржување ги добивате сите законски измени навремено. Тоа значи имплементирани законски измени во Helix уште пред да ги побарате.

Како се одвива процесот?

Уште пред законската измена да биде официјално објавена во Службен весник, тимот на ЗОНЕЛ Софтвер веќе работи на нејзина имплементација во Helix. Најпрво се прави анализа и проценка од тимот во корисничка поддршка, околу тоа како законската измена ќе се рефлектира во функционирањето на програмот. Потоа се разгледуваат сите опции и можности, за да се дојде до најдобриот начин каде и како да се имплементира законската измена. Сето ова се прави за да Helix функционира најдобро и прилагодено на Вашето работење. Потоа тимот на програмери за развој на софтвер, работи на имплементирање на законската измена во Helix. После тестирањето, законската измена е спремна за користење во функција на Вашиот бизнис.

Дали и другите софтверски компании нудат законски измени?

Не е секогаш до софтверот. Не е до способноста на програмерот и неговите вештини. Има многу одлични софтвери на пазарот. Може да најдете многу софтверски компании со одлични тимови на програмери и корисничка и техничка поддршка… Има компании од кои ќе добиете навистина одлична услуга и одличен софтвер. Но, во најголем дел од случаевите пак ќе мора да чекате за законски измени! Да, ова е реалноста. И ова го знае секој сметководител. Дали има решение? Да! Прочитајте тука, како елегантно може да го решите овој проблем.

Каде е разликата со Helix? Би рекол, различна филозофија! Гледиште од страна на сметководител а не од страна на програмер. Систем кој овозможува секогаш да имате навремено инсталирање на законските измени.

Совет: Како без стрес при законски измени?!

Кои законски измени се веќе имплементирани во Helix?

Сите! Без разлика дали во текот на годината има пет, шест… или повеќе законски измени, Вие почитувани наши корисници имате привилегија и можност да ги користите сите законски измени. Во оваа 2021 година, досега имаше пет законски измени. За сите законски измени, од оваа, но и претходните години, околу тоа што содржат и како функционираат, можете да прочитате тука.

Кои следени чекори треба да ги направите?

Чекор 1: Преземете бесплатна демо верзија!

Месец дена гратис! Без обврски! Животот е полн со предизвици. Особено денес, во овие чудни времиња. Денес, кога Ви е тешко да ги наплатите побарувањата. Кога е падната продажбата. Кога можеби сте исплашени да направите чекор напред. Кога Ви е страв од било какви инвестиции… Одлучивме да Ви дадеме еден мал предизвик. Работете 30 дена како успешните! Пробајте го Helix демо комплетно бесплатно во следните 30 дена! Преземете бесплатна демо верзија!

Чекор 2: Закажете бесплатен консултативен разговор!

Секој бизнис е различен. Секој од нас има различна бизнис филозофија. Сакаме да добиете решение прилагодено на Вас. На Вашиот бизнис. На Вашата визија! Закажете бесплатен консултативен разговор!

Чекор 3: Уживајте додека расте Вашиот бизнис!

Не дозволувајте стравот од промени да го држи Вашиот бизнис во стагнација! Ви подаваме рака! Тука сме за заедно да креираме план за сигурен и стабилен раст!