Нема сомнение дека малите бизниси ќе бидат најтешко погодени од сегашната пандемија со COVID-19. Поголемите бизниси имаат подобри шанси да преживеат, малите бизниси имаат тенденција да живеат само со неколкумесечен проток на пари, така што кога нешто значајно како оваа пандемија се случи, може да биде погубно не само за сопственикот на мал бизнис, туку и за неговите вработените. Како малите бизниси можат да ги преживеат бурните времиња што доаѓаат во 2020 година? Нема лесен одговор но сепак, еве неколку совети за Вашите активности за следните три месеци.

Без паника, грижете се за себе и само смирено

Ова може да биде тешко особено кога се намалува готовината која ја имате, но запомнете дека треба да се грижите за себе – на пример, да јадете добро и обидете се да вежбате. Водењето грижа за себе ќе ви помогне да останете смирени, што пак ќе значи и одржување на смиреност кај Вашите вработени и на крајот, поздрав начин на размислување за сите  заедно да дојдете до иновативни идеи за да напредувате. Ако се соочите со некои тешки одлуки, одвојте време да се балансирате себе си и вашиот ум пред да донесете какви било драстични одлуки. Во овој динамичен период и период на брзо менување на ситуацијата, понекогаш застанување и длабоко анализирање и  повторна проценка, барањето дополнително мислење, а исто така и поинаква  перспектива ќе помогне. Работите ќе се подобрат и вие не сте сами во ова криза. Побарајте емоционална поддршка каде што можете и кога ќе ви треба.

Искористете ги ресурсите кои ги обезбедуваат владините и другите финансиски институции

Владите ширум светот веќе започнуваат иницијативи за поддршка на сопствениците на мали бизниси и ова е нешто што се развива на дневна основа. Бидете во тек со тоа како  владата може да  Ви помогне во намалувањето на трошоците, како и на можностите од  други важни институции, како што се банките кои исто така имаат општествена одговорност во овој период на криза. Ако сте регистрирани на повеќе од еден пазар, истражете ги опциите за поддршка на сите пазари во различните држави каде што Вашиот бизнис функционира.

Направете тримесечен финансиски план

Секој мал бизнис обично има исти клучни трошоци, кои вклучуваат плати на вработените, канцелариски трошоци и сметки за комунални услуги. Другите трошоци се различни од индустрија до индустрија.

Разговарајте со сите на кои треба да им платите во наредните три месеци (газдата на просторот и добавувачите) и дознајте кои опции имате за да ги одложите трошоците. Шансите се тие веќе да имаат планирано можности  за одложено плаќање или ќе имаат разбирање, затоа што е во нивни интерес да го одржат вашиот бизнис. Секогаш бидете внимателни кога имате барања за планови за одложено плаќање со други мали бизниси, затоа што тие исто така треба да се одржуваат во живот, така што овие планови треба да бидат фер и за Вас и за Вашите соработници.

Разгледајте ја состојбата на Вашите лични финансии и разговарајте со луѓето за да имате реална дискусија за тоа како да ги контролирате вашите лични трошоци за следните три месеци. Кои трошоци се потребни, што може да се стави во мирување? Ако имате партнери кои Ве следат во целиот период додека  го развивате Вашиот бизнис, имајте отворена и искрена дискусија со нив за вашите непосредни и долгорочни планови за бизнисот.

Исто така, разгледајте ги сите начини на кои можете да ги намалите Вашите трошоци. Но, искористете го ова како последна мерка имајќи во предвид дека ќе имате  најмалку два месеци штета од пандемијата со COVID-19. Вашите најголеми трошоци обично се платите за Вашите вработени и трошоците за изнајмување на канцеларијата. Можеби би можеле во овој период да ги замрзнете новите вработувања со полно работно време и наместо тоа да работите на проектна основа со хонорарни вработувања. Вие исто така би можеле да размислите за намалување на вашата канцеларија ако постои таква можност за да имате подостапни и пофлексибилни услови за плаќање на киријата.

мал бизнис

Истражете нови можности за Вашиот мал бизнис

Никогаш не е убаво да се профитира на настани како што е оваа пандемија, но ваквите настани  исто така можат да бидат повик за будење за да преиспитате како работевте во минатото. Во овој случај, дали вашиот деловен модел е во состојба да ги преживее промените што ќе дојдат од пандемијата COVID-19? Како очекувате вашите клиенти да се однесуваат во иднина? Што ќе им е важно и што нема да им биде важно, и како најверојатно ќе изгледа Вашиот клиент во иднина? Можете ли да дигитализирате некој од вашите производи или услуги и да започнете да ги нудите преку Интернет? Можете ли да воведете нови технологии за да балансирате со загубата на заработката, нудејќи нови начини за поврзување со вашите клиенти?

Подобрете го вашиот персонал

На секој можен начин, потрудете се да го задржите вашиот персонал – тие зависат од вас, и ако успеете во ваква ситуација да го задржите добриот тим, тие тоа ќе го ценат  и понатака многу повеќе ќе Ве поддржуваат. Можете да го обучите постојниот персонал за дополнителни вештини, што може да ги направи попродуктивни и поефикасни, со ова ќе ја намалите потребата од ангажирање на нови вработени. Постојат многу курсеви преку Интернет, кои се многу достапни, и тие ќе им овозможат на Вашите вработени да се фокусираат на други области на бизнисот кога нивниот сектор е слаб – на пример, вашиот тим за продажба може исто така да помогне на маркетинг-тимот. Барајте курсеви и ресурси  што најмногу одговараат на вашите потреби, а исто така и на вашиот буџет во време на пандемија.

Бидете спремни за моментот кога пандемијата ќе заврши

Оваа ситуација еднаш ќе заврши, дали тоа ќе биде за месец или два никој во моментов со сигурност не може да предвиди. Вие како сопственик на мал бизнис треба да имате стратегија што во тој момент. Како да Вашиот бизнис биде спремен да продолжи да работи во тој момент? Ви стоиме на располагање со нашите услуги и производи но и со наши совети како полесно да функционирате во периодот на пандемијата но уште поважно како да функционира Вашиот бизнис после кризата.

Закажете бесплатен консултативен состанок!