Динамиката на бизнисот денес побарува да имате неограничен пристап до податоците. Бара можност за работа од дома, од канцеларија, во движење… или каде и да сте. За среќа, технологијата работи во Ваша полза. Одвојте дел од Вашето драгоцено време и прочитајте како да направите вистински пресврт во Вашиот бизнис.

Е-Бизнис

Helix Cloud е решение какво што посакувате! Сѐ што е потребно за Вашиот бизнис на еден софтвер! Достапно каде и да сте! Централизирана база! Нема трошоци за сервер кој мора да биде вклучен цело време. Нема трошоци за дополнителни компјутери и сервисирање. Нема трошоци за фиксна IP адреса за пристап преку интернет. Нема потреба да правите back up на податоци. Нема главоболки. Helix Cloud е за модерни бизнисмени. За бизнис кој е во движење. За бизнис кој прогресира. Helix Cloud е за вас! Преземете бесплатна демо верзија!

Е-Сметководство

Со развојот не технологијата еден од бизнисите за кои се претпоставуваше дека ќе профитираат е секако сметководството. Книжење на компјутер требаше револуционерно да го земени хартиеното книжење. Ова требаше значително да го олесни работењето на сметководителите. Но, секој поискусен сметководител ќе Ви потврди дека тоа не се случи. Денес работите можат да бидат поинакви. Helix Cloud е најдобар пријател на сметководителите! Дали некогаш сте размислувале дека комитентите може да книжат наместо Вас? Имаме најдобро решение за Вас. Нема потреба веќе Вашите комитенти да Ви носат купишта документи! Добивате дополнителни вработени кои внесуваат документи, а и самите располагаат со извештаи, без Ваш дополнителен ангажман! Никогаш немало подобро решение за Вашиот бизнис!

Прашајте како може да биде Ваш Helix Cloud уште денес!

Е-Трговија

Трговијата е движечка сила на секоја компанија. Токму затоа, потребно Ви е модерно и елегантно решение кое нема да Ве ограничува во никој поглед. Потребно Ви е целосно компактен систем кој ги поврзува сите точки од Вашиот бизнис:

  • Магацинско работење, трговија и производство од повеќе оддалечени локации;
  • Малопродажба од сите облици (маркети, ресторани, бутици, сите видови продавници) од оддалечени локации, без застој дури и ако има подолг прекин на интернетот;
  • Работа со современи мобилни уреди;
  • Теренска (амбулантна) продажба;
  • Нарачки;
  • Попис во реално време, без застој во работењето;
  • Наплати на терен со фискална сметка;
  • Издавање од магацин или продавница;
  • Прием со печатење на бар-кодови и декларации;
  • Попис на основни средства и инвентар;
  • Целосно и моментално поврзување на сите документи во современо и потполно   автоматизирано сметководство;
  • Темелни менаџерски, финансиски и комерцијални извештаи на располагање во секое време;
  • Систем за автоматско праќање извештаи и документи по e-mail или потсетување на должници.

Зголемете ја продажбата денес! Побарајте повеќе информации!

Елегантен деловен живот

Начинот на кој го водите бизнисот е Вашето најмоќно оружје за привлекување на нови клиенти. Бидете модерни, кул и најдобри во Вашата дејност! Закажете консултативен разговор!