fbpx

Малопродажбата е душата на трговијата. Трговијата не би имала смисла без малопродажба. Производите постојат поради купувачите. Иако изгледа како едноставно, успешното менаџирање со продавница е вистинска уметност. Зошто во некои продавници едноставно уживаме да купуваме, а во други, едвај чекаме да го земеме производот и да се упатиме кон излезот? Како да изградите хармонија помеѓу продавачите и купувачите? Како да имате целосна контрола над сопствениот бизнис? Доста беше мачење! Потребно Ви е поинакво решение. Одберете интелигентно менаџирање со Вашата продавница:

Дисциплината е слобода!

Главната замка во која се вплеткуваат многу малопродажни бизниси е лажната слобода. Погубна стратегија е практикување на филозофија која вели дека ако имате мал обем на работа дека немате потреба од менаџирање со залихи, водење на лагер листа, материјална картица на производи… Не станува збор за тоа дали ги знаете на памет сите производи и дали на прсти можете да ја изброите залихата. Недоволната документација и немањето системска евиденција на работењето е една од главните причини за стагнација на многу компании. Не може да правите анализа без податоци! Не може да напредувате без анализа! Токму работите за кои не сметаме дека се важни, некогаш се клучот за напредок на компанијата. Дисциплината е одговорност! Дисциплината е слобода! Со дисциплинирано работење ќе бидете посигурни, посмирени, поодговорни… а сето тоа Ви носи слобода. Слободата вие да управувате со сопствениот бизнис!

Продавница

Цена е она што го плаќате. Вредност е она што го заслужувате – Ворен Бафет

Продавница која сите ја сакаат!

Постојат многу работи кои не зависат само од софтверот кога станува збор за успешно менаџирање со малопродажен бизнис. Би биле неискрени доколку Ви ветиме дека Helix ќе ја води наместо Вас продавницата. Желбата да им понудите на купувачите најдобра услуга и производ е основа за успешен малопродажен бизнис. Она на што ние се фокусиравме при креирањето на Helix е решение кое е во соработка со Вашата визија за успешна продавница. Се задржавме на главните проблемите кои ги мачат малопродажните компании. Немојте да купувате програм кој ќе ја замени касата! Тоа веќе го имате. Во бизнисот не заработуваат секогаш најмногу оние кои работат најмногу. Немојте да бидете од оние со лоша судбина! Пописи, нивелации, упросечувања… ништо од ваќе не мора да правите рачно. Конечно благодарение на споредбените извештаи, и автоматизмот согласно извештаите за кусок и вишок пописот веќе никогаш нема да биде мачен процес. Промената на цените не мора да биде квантна физика! Сега можете да направите автоматска нивелација со само еден клик. Постои беспрекорен систем за упросечување на набавните цени. Водете елегантно наместо напорно! Грижите не оддалечуваат од нашите цели. Еве зошто нема потреба повеќе да се грижите:

  • Нема потреба веќе да се грижите за тоа дали некој купувач ќе побара производ кој го немате на залиха
  • Заборавете на грижата дали ќе тропне инспекција на Вашата врата
  • Нема потреба веќе да се плашите дали ќе има нова законска измена
  • Заборавате на грижата предизвикана од несогласувањата со сметководственото работење
  • Заборавете на гужва пред касата предизвикана од споро работење
  • Веќе нема потреба да се грижите дали секој Ваш производ ја има вистинската цена
  • Нема потреба веќе да се грижите дали од Вашите продавачи правите магационери
  • Никогаш повеќе немојте да се грижите дали сте на вистинскиот пат!

Изградете моќна врска со Вашите клиенти. Креирајте продавница која сите ја сакаат! Закажете консултативен разговор!