fbpx

Почитувани пријатели и деловни партнери,

Уште една година оставаме позади нас. Можеби тешка за сите нас, но сепак, имаше и многу убави работи. Ајде да се фокусираме на убавото. За проблемите знаеме сите. Верувам дека кризата сите нè направи посилни. Нè направи помудри. Нè зближи, иако сме физички оддалечени. Во време, кога не можеме да очекуваме што ќе се случува со економијата, единствено нешто кое ни останува е да се свртиме кон себе. Да станеме подобри! Ние се посветивме на развој на Вашиот Helix! Токму сега, кога можеби имавме алиби, се одлучивме да се посветиме на заеднички успех. Helix не бил никогаш подобар! Брз, ефикасен, моќен, стабилен, со најдобри можности досега! Ќе продолжиме и во следната година да се грижиме! За Вас! За Вашиот бизнис! За сите аспекти кои го прават Вашиот работен ден поубав. За стабилно деловно партнерство и пријателство!

2020-та низ бројки!

Ако некогаш не сме сигурни како ни оди, дали сме на добар пат, што треба да подобриме… секогаш е најдобро да ги погледнеме бројките. Бројките никогаш не лажат! Колку сме биле успешни оставаме Вие да кажете. Вашето мислење ни е секогаш најважно. Вашата критика или пофалба е единствена релевантна насока во која треба да се движиме. Еве дел од нашите бројки за 2020-та година:

0
Нови верзии!
0
нови законски измени!
0 +
нови опции и можности во Helix!
0 +
реализирани Ваши барања!
0 +
задоволни клиенти!
0 +
страници кориснички упатства!
0
броеви на “Мој Информатор“
0 +
текстови на нашата веб страна

Helix 7 – наша заедничка нова победа!

Веруваме дека сите знаете дека ја објавивме новата верзија Helix 7.00! Во неа има повеќе нови можности меѓу кои и моќен креатор на извештаи, со многу нови функции и можност за неограничен број специјализирани извештаи … каде граница е само Вашата имагинација. Нова можност за отворање на повеќе форми во исто време, која Ви отвора повеќе начини како да го забрзате Вашето работење… и уште многу новости. Сето ова, заедно со сите претходни можности на Helix, долгорочно значи зголемена продажба, подобра наплата, стабилен развој, сигурност пред законот и институциите, зголемен профит …  Сите нови можности на Helix 7 погледнете ги тука!

За сите кои сте нови, и сè уште го немате испробано Helix, креиравме специјален 30-дневен предизвик. Користете го Helix бесплатно 30 дена! Работете како успешните. Преземете бесплатна демо верзија!

Нови успеси во 2021-ва!

Во годината која доаѓа Ви посакуваме многу здравје. На кризата и посакуваме што поскоро да заврши. На економијата да закрепне. Научивме сите многу лекции. Меѓу другото, научивме колку микро, малите и средните бизниси се важни за економијата и за општеството севкупно. Ви посакуваме стабилна година со раст на Вашиот профит. Да имате можност да го правите она во кое сте најдобри. А тоа е обезбедување на егзистенција на многу вработени, подобрувајќи го животот на луѓето преку Вашите производи и услуги. Ние ќе бидеме со Вас повторно, обезбедувајќи најдобро софтверско решение и најдобра услуга. Помагајќи Ви во сите проблеми и предизвици. Почитувани пријатели и деловни партнери, среќна нова година и божиќни празници. Да сме сите здрави, среќни и успешни!

Со најубави желби и голема почит,
Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер.