Како да дознаете кој  Софтвер за големопродажба е соодветен за Вашата компанија и за Вашиот бизнис за големопродажба? Кога ќе започнете со изборот на нов софтвер поставете ги следниве три прашања:

  1. За што Ви е потребен софтверот?
  2. Колку е соодветен софтверот за Вашиот бизнис?
  3. Колку е сигурен добавувачот на софтвер?

За што Ви е потребен софтверот?

Прво и најважно прашање кое треба да си го поставите при изборот на софтвер за големопродажба е „За што ќе се користи софтверот?“

Како што сте свесни, управувањето со снабдувачките синџири во процесот на големопродажба е сложен процес со различни фактори и потреби во зависност од конкретните потреби на Вашиот бизнис и индустрија, кои се движат од планирање и стратегија, до производство логистика.

Така да потрошете  време за да ги разгледате  уникатните потреби и цели на вашиот бизнис поставувајќи си ги следниве прашања:

  • Кои се моите бизнис цели?
  • Дали сакате ЕРП решение што се справува со одредени активности од Вашиот бизнис за големопродажба или решение кој ги опфаќа сите потреби на Вашиот бизнис за големопродажба?
  • Дали сакам решение кое е компатибилно со постојните решенија на моите добавувачи и партнери?
  • Кои се тековните тесни грла и каде може мојата компанија да има најголема корист од новиот софтвер?

Откако ќе си дадете одговор на овие прашања ќе бидете  во можност попрецизно да ги согледате предностите на HELIX како најдобро решение за остварувањето на Вашите цели во  управување со процесите на големопродажба во Вашата компанија.

Колку е соодветен софтверот за Вашиот бизнис?

Следно, ќе треба да  разгледате колку е  компатибилен Вашиот новиот софтвер со Вашиот постоечки софтвер и Вашите бизнис процеси – вклучувајќи ги и соодветните активности како што се продажба и сметководство.

Ова може да биде голем проблем и причина за  појава на отпор во многу компании, каде вработените кои се навикнати на вршење на работите на одреден начин, и изборот на софтвер кој бара комплетен ремонт на вашиот постоечки систем може да биде скапа инвестиција и монгу тежок за имоплементација.

Значи, вие не само што ќе сакате да Вашиот нов софтвер за управување со процесот на големопродажба да обезбеди полесно извршување на секојдневните активности на Вашите вработени но исто така е важно е да биде лесна адаптацијата на софтверот на потребите на Вашито бизнис и интегрирација со Вашиот бизнис.

За последната точка, сите нови софтверски имплементации носат одредени предизвици и поради ова ќе треба да бидете сигурни дека продавачот ќе го одберете има високо квалификуван персонал за поддршка за да Ви помогне брзо да се разјаснат сите  прашања кои што се јавуваат во текот на имплементација на софтверското решение.

Колку е сигурен добавувачот на софтвер?

Последното прашање што ќе сакате да си го поставите при изборот на ЕРП  решение е “Колку е сигурен продавачот?“

Во овој случај, сигурност во суштина значи две работи:

  1. Компанијата постои подолг период и ќе егзистира и понатаму.
  2. Компанијата нуди соодветна поддршка во процесот на имплементација, одржување и тековна надградба и подобрување на софтверот што ќе го прати растот на Вашиот бизнис.

Кога станува збор за набавка на B2B софтвер, како целина, наоѓањето  сигурна, услужно ориентирана компанија е задолжителна активност за да се спречат скапите прекини при работата кој  се должат на дефекти на софтверот. Поради тоа што големопродажбата преставува интегрален дел од Вашиот бизнис, многу е важно да најдете компанија која обезбедува најдобра поддршка.

Како генерално правило, колку повеќе време опстојува компанијата, колку е голема нејзината база на постојни и стабилни корисници и  големината на нејзиниот досег (локално / национално) се сите важни фактори кога се размислува за набавка на софтвер од одредена компанија

При оценување на вашиот избор, треба да обезбедите информации од сигурни и релевантни извори – постојни корисници кои ќе Ви дадат одговор на следниве прашања:

  1. Дали софтверската компанија сака да го менува и адаптира софтверот кога е потребно?
  2. Дали обезбедуваат соодветна документација и обука?
  3. Каков тип на персонал и ресурси се потребни за квалитетно функционирање на компанијата?
  4. Дали е софтверот е лесен за користење? Колку е време е потребно за негово учење?

Обезбедете раст на Вашиот бизнис со избор на HELIX

Се надеваме дека сега ќе бидете подобро подготвени да го изберете вистинскиот софтвер за Вашиот бизнис – вклучувајќи го и подоброто разбирање на тоа зошто тоа е исплатлива инвестиција и кои се суштинските прашања кои треба да се земат во предвид при изборот на ЕРП софтверско решение.

Многу бизниси денес се парализирани од застарени системи за управување со нивниот бизнис, без разлика дали тоа е застарен  софтвер кој не е обновен со години, или сеуште користат различни  табели и хартија во нивното секојдневно работење или повеќе различни апликации наместо едно софтверско решение.

HELIX решениeто ќе ви помогне да останете во чекор со побарувачката и да се подготвите за понатамошен раст во иднина со насочување на Вашите позадински процеси преку интеграција и автоматизација.

Кога за партнер ќе го имате Зонел Софтвер за обезбедување на софтвер за управување со Вашите бизнис процеси во големопродажбата можете да бидете сигурни дека ќе ги намалите Вашите главоболки во секојдневното работење и ќе останете конкурентни и во следните години на континуиран раст на Вашиот бизнис.

Ако сте спремни да направите чекор во вистински правец за Вашиот бизнис нашиот тим Ви стои на располагање.

Побарајте понуда денес!