Тимот на Зонел Софтвер и во услови на криза посветено работи на развој на Helix како би ги следиле Вашите потреби и развојот на Вашиот бизнис. Нашата континуирана работа на развој е најголема потврда дека секогаш имате сигурен партнер кој е подготвен за сите предизвици кои ги носи бизнисот.  Новата верзија 7.40 е надополнета со нови одлични можности и функции, кои ќе придонесат да бидете уште поефикасни во Вашето работење.

Само некои од новостите:

  • Автоматско книжење на одложен приход од услуги, со претходен месечен распоред на доспевање на признат износ, според МСФИ стандардот,
  • Во финансов налог додадена е опција за масовно затварање на конто 1210,
  • Додадена е опција за масовна промена на конта од книжењата за определен период и селектирани (незаклучени) налози,
  • Нови извештаи за следливост по лотови – досие за репроматеријал и досие за финален производ,
  • Воведено е ново поле за странски назив на коминтент во шифрарник на коминтенти,
  • Во акции за каса додадена е можноста за акција на ниво на сите производи од шифрарник
  • ……

Сите новини имплементирани во Верзија 7.40 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 7.40