Детали за особините вградени во новата 7.40 верзија на HELIX пакетот:

Плата
  • Додадена можност за внес на договорена плата и договорени услови за работно време (часови) за вработени на скратено работно време и за дополнителна работа.
  • Воведена е можност за промена на дифолтниот процент за боледување во дефинирана ставка.
Финансово работење
  • Додадена е нова опција во содржина на налог -> Специјални опции, за префрлање на ставка од налог во друг налог. Со кликање на опцијата се појавува формата за избор на налог, доколку се избере налог (со избор или ентер) позиционирата ставка се префрла во друг налог а со ESC или излез не се префрла)
  • Во финансово во аналитика додадена е  дополнителна колона каде што ќе биде прикажано салдото од почетна состојба комитентот.
  • Во експорт на главна книга во Ексел додадена е  и колона со полето документ (број на калкулација)
  • Исклучено е  ограничувањето за број на калкулации во екселот за ДДВ евиденција за големи фирми
  • Во финансов налог додадена е  опција за масовно затварање на конто 1210.
  • Додадена е опција за масовна промена на конта од книжењата за определен период и селектирани (незаклучени) налози. Опцијата се повикува од Финансово-Налози-Специјални опции-Промена на конто за селектирани налози.
  • Во картица за комитент при одбирање на конкретен период додадена е  и ставка со почетна состојба, соодветно со страна должи- побарува и салдо за избраниот период.
  • Направен е нов сервис во систем-> сервиси-> финансово кој ќе детектира книжење на конто кое не е аналитички по комитент, но при рачно книжење во налог е внесен комитент.
  • Автоматско книжење на одложен приход од услуги, со претходен месечен распоред на доспевање на признат износ, според МСФИ стандардот.
Основни средства
  • Можност за предефинирање на конта за книжење на амортизација и трошок од амортизација, со доделување на конто на ниво на основно средство, амортизациона група, или збирно за трошокот.
Материјално
  • Воведена е можност за додавање на шифра на валута кај девизен трошок во увозни калкулации. Согласно оваа шифра ќе биде и книжењето на девизниот трошок.
  • Додаден е извештај за Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за откупени земјоделски производи. Извештајот има филтри за производ и за период на откуп.
  • При внесување на нова ставка од Материјално, Влез/Излез додадена е можност за филтрираните производи добиени од пребарувањето за секој производ да се прикажува Моментална залиха, Набавна цена(од влез) и Просечна продажна цена
  • Додадена е можност за при внесување на нова ставка од Материјално, Влез/Излез да за  филтрираните производи добиени од пребарувањето да може да се прегледа материјална картичка
  • Изработени нови извештаи за следливост по лотови – досие за репроматеријал и досие за финален производ.
  • Додадена е контрола доколку една испратница е ставена во збирна фактура, истата испратница да не може да влезе во друга фактура. Се појавува прозорец со порака дека испратницата е веќе споена во друга фактура.
  • Додадени можности за работа со девизни документи во модулот за Други документи
  • Додадена е опција на ниво на фирма за избор на начин на функционирање на производната калкулација, дали готовиот производ ќе биде поврзан со репроматеријали или не. Опциите се Зависен, Независен или недефинирано.
  • Додадена е опција при креирање на нова производна калкулација за избор на поврзаност на репроматеријалите со готов производ (Зависен или независен)
Шифрарници
  • Отворено е ново поле во Шифрарникот на производи. Полето се наога во табот други информации и е поле за штиклирање со назив “Да не се креира ПЛТ при продажба во каса за готов производ”. Кога полето е Штиклирано за тој производ не се креира ПЛТи РЕП калкулации при издавање на фактура од КАСА или со затварање на ДП.
  • Воведено е ново поле за странски назив на комитент во шифрарник на комитенти
  • Воведена е можност во шифрарник на производи за подредување на групи по шифра при доделување на нов производ
  • Додадена е нова опција во шифрарници на комитенти со која се овозможува масовно доделување на ценовник за селектирани  комитенти.  Опцијата се додадена во Комитенти, Специјални опции -> Масовно доделување на ценовници. Со повикување на опцијата се отвара панел за избор на ценовник и избраниот ценовник се доделува на претходно селектираните комитенти.
Малопродажба
  • Креирана е нова опција со која се овозможува увоз во продавница.
Каса
  • Овозможено е во каса за еден производ да се има увид на присутна количина по други продавници и магацини
  • Во акции за каса додадена е  можноста за акција на ниво на сите производи од шифрарник.
Сетирања
  • Додадено е ново сетирање кое се наоѓа во  Сетирање -> Општо -> Генерални Предлог број на Налог, во полето ако се внесе текст тој ќе се пополнува автоматски во број на налог при креирање на нови документи (влезни, излезни, услуги, одобренија, малопродажба и благајна).
  • Додадено е ново сетирање во Каса, сетирањето – При затворање на промет да се земаат и не затворени сметки. Со ова сетирање при затварање на промет ќе ги зема и не затворените сметки.
  • Креирано е ново сетирање во Систем> Сетирања> Плата> Дозвола за промена на процент на дефинирана ставка за боледување.
  • Ново сетирање – Во делот за Шифрарници – Шифрарник на производи: Подредување на групи по шифра при доделување
Почетна состојба
  • Додадено е ново поле за штиклирање при креирање на почетна состојба – Префрли и лагер со негативна количина кое доколку е штиклирано се носат сите производи во новата година во материјално и во малопродажба
Хотелско  работење
  • Во ценовник на престој додадена е  можност за избор на тарифа 10 (за 10% ДДВ)
  • Додадена е можност за печатење на сторно фискална сметка во хотелско работење

·