Сметководството е значаен дел од секој деловен процес и не е така едноставно како обично собирање и одземање. Малите бизниси честопати размислуваат да управуваат со сопственото сметководство за да заштедат пари – но ова можеби не е најдобрата идеја. Сметководствените грешки можат да ја чинат многу компанијата. Не сакате да ги измешате Вашите бројки, бидејќи тоа може да го попречи растот на Вашиот бизнис. Сопствениците на мали бизниси често прават сметководствени грешки во почетните години поради недостаток на соодветни сметководствени процедури.

Еве шест вообичаени грешки што секој сопственик на мал бизнис мора да се обиде да ги избегне.

1. Се обидувате да управувате со сè сами

Претприемачите, страствени за својот бизнис, имаат тенденција да сакаат да прават сè сами. Кога за прв пат започнавте, можеби сте единствената личност која се справувала со сè. Проблемот настанува кога ќе се обидете сами да управувате со сметководството, бидејќи може да откриете дека квалитетот на Вашите услуги всушност се влошува. Одржувањето на сметките е важно за Вашиот бизнис како што расте, но активностите што се потребни за тоа одземаат многу време. Не можете да се справите со сè самостојно. Научете како да делегирате некои од Вашите одговорности на други.

  • Совет: Како сопственик, Вашето време е драгоцено, а на Вашиот бизнис му треба Вашето внимание за да расте. Има смисла да се ангажира професионален сметководител за да се справува со сите Ваши сметководствени потреби.

2. Барате најевтини решенија

Изборот на најевтини решенија за заштеда на деловни трошоци може да излезе да ве чини повеќе пари на долг рок. На пример, ангажирате сметководител со најевтина цена, што на почетокот може да изгледа како најевтина варијанта и затоа е најдобра опција за работа. Но, што ако прават чести грешки во пресметките за плати, а Вие не сте во можност да ја исплатите плата на време?

Стара поговорка: „Го добивате она за што плаќате“

  • Совет: Потрошете малку повеќе за да завршите квалитетна работа. Ако секогаш барате евтино решение, честопати може да сметате на добивање на  неквалитетен “евтин“ резултат.

3. Не ја знаете разликата помеѓу готовинскиот тек и профитот

Да, тие се различни.

Да објасниме лаички:

Паричен тек преставуваат парите што се движат во и надвор од компанијата од финансиски активности, инвестиции и други операции. Од друга страна, профитот е она што останува од приходите од продажба откако ќе се одземат трошоците на компанијата.

Во теорија, дури и профитабилна компанија може да пропадне. Ајде да видиме како: Да претпоставиме дека сте купиле производи за 100.000 денари и сте го  продале  за 200.000 денари. Тука остваривте 100.000 денари профит. Но, што ако купувачот не е во можност да ги плати парите на време? Во овој случај, Вашата деловна активност ќе ја покаже добивката – но што е со сметките што треба да ги платите во меѓувреме? Вие немате готовина и покрај профитот што го заработивте.

Ако ваквите грешки се повторуваат често, може дури и да банкротирате.

  • Совет: Водете сметка за средствата што ги трошите наспроти продажбата. Препорачливо е да ги прегледувате сите Ваши финансиски извештаи месечно за да добиете јасна претстава за точната состојба во која се наоѓа Вашиот бизнис.

сметководство

4. Мешање на деловните финансии со лични финансии

Ова е брз и лесен начин да ги измешате финансиите на Вашиот бизнис. Првиот чекор кога ќе започнете деловна активност е веднаш да отворите сметка во банка. Препорачливо е да ги извршувате сите приходи и расходи преку оваа деловна банкарска сметка.

Сепак, можеби сè уште плаќате за многу трошоци од свој џеб, па затоа е важно да се води евиденција за таквите трошоци. Овие средства може да влијаат на  даночните намалувања. Ако нема запис, не можете да ги искористите – што ќе Ве чини многу средства во изгубени даночни намалувања.

  • Совет: Држете ги Вашите лични и деловни сметки одделни за попрецизно и безболно водење на финансиската евиденција.

5. Не користите сметководствен софтвер

Со употреба на софтвер, сите Ваши книговодствени потреби се вршат автоматски. Ова носи голема заштеда на време, овозможувајќи Ви да го потрошите Вашето драгоцено време на други работи што треба да ги правите – како на пример водење на Вашата деловна активност.

Многу сметководители се колнат во ефикасноста на Microsoft Excel. Сепак, добро е да бидете свесни дека Excel не е толку напреден и интерактивен како добар софтвер за сметководство. На пример, не постои начин да се проверат човечките грешки во Excel.

  • Совет: Искористете ја предноста што ја нуди новата технологија. Ако не ја користите, можеби пропуштате технологија што може да помогне Вашиот бизнис да работи поквалитетно.

6. Не правите редовен бекап на податоците

Многу мали бизниси и сметководители не ја сфаќаат важноста за вршење редовни резервни копии (бекап). Освен случаи како што се расипување на компјутер и изгубена или украдена опрема, бидете подготвени и за други екстремни околности. Пожар во Вашата канцеларија или поплава од пукната цевка може да ги избрише сите Ваши податоци и записи.

Имањето повеќе резервни копии за максимална безбедност е од суштинско значење за бизнисите, осигурувајќи се дека имате пристап до податоците за сите минати години.

  • Совет: Секогаш треба да закажувате редовен бекап на Вашите финансиски податоци, дури и на посебни локации (интернет, бекап уреди,..), обезбедувајќи безбедни податоци дури и во случај на катастрофа.

Да се биде сопственик на мал бизнис, веројатно значи дека имате и поважни обврски од сметководството. Одлучивте да започнете бизнис за да оставите свој белег и да заработувате за живот. Сметководството, сепак, е суштински дел од Вашата деловна активност и треба да се гледа како на инвестиција. Овие вообичаени сметководствени грешки може да му се случат на секого во кој било момент од водењето на бизнисот, и овие совети можат да Ви го олеснат водењето на бизнисот и да Ви помогнат да донесете подобри деловни одлуки.

Дознајте повеќе закажете состанок