Водењето на евиденција на работното време на вработените може да биде сложена активност, но тоа немора да биде така. Gate Keeper софтверот за евиденција на работно време ги елиминира потешкотиите на рачните процеси и целосно го автоматизира Вашиот систем. Во продолжение следуваат главните придобивки од користење на Gate Keeper.

Зголемена прецизност

Рачната евиденција на работното време бара вработените да известуваат за нивните одработени часови секој ден. Ова може да води кон неточна евиденција на работното време, како и додатни проблеми со дешифрирање на ракописот на вработениот или дури и манипулации. Употребата на автоматизиран софтвер може да го намали бројот на грешки и манипулации. Со ваков софтвер Вашата фирма и вработените можат лесно да имаат увид во нивото одработено време.

Евиденција на работно време

Зголемена продуктивност

Автоматизирањето на пресметката на одработените часови овозможува сите податоци да се на едно место. Ова овоможува побрз увид во редовноста на вработените како и побрза пресметка на платата бидејќи одработените часови не би се пресметувале рачно.

Зголемено задоволство на вработените

Доколку податоците од софтверот за работно време се користат при пресметка на плата вработените би биле позадоволни знаејќи дека така им се гарантира прецизна пресметка на платата. Исто така софтверот им овозможува и личен увид во нивното одработено време и сигурност дека прекувремената работа ќе биде забележана и вреднувана. Вработените се чувствуваат посигурно кога имаат пристап до таквите информации, кое води до зголемено задоволство.

Лесно менаџирање на ресурсите и водење на работните ангажмани со флексибилно или сменско работно време

Во денешни услови не е невообичаено вработените да работат од дома или на друга оддалечена локација и во повеќе смени. Gate Keeper системот за електронска евиденција на работно време овозможува дефинирање на смените и работните распореди со подобра контрола на одработеното време на било која локација. Извештаите според од локација, работно место, сектор итн, овозможуваат точна евиденција зависно од назначените критериуми. На овој начин ќе имате прецизна основа за донесување одлуки за распоредување на ресурсите според посакуваните критериуми.

Gate Keeper е Вашиот вистински избор, Вашиот партнер во ефикасна и ефективна евиденција на работното време.

Не губете време, направете чекор во вистински правец за Вашиот бизнис,  нашиот тим Ви стои на располагање.

 Побарајте презентација!