Детали за особините вградени во новата 8.00 верзија на HELIX пакетот:

Фирма
  • Кога се отвара нова фирма во фирми-> избор на фирма-> доколку не се внесе тековна година додадена е следната порака: „Внимание! Немате внесено тековна година!“
Финансово работење
  • Додадена е нова можност при повик на бруто биланс  да се прикажуваат само контата за  кои има книжење во периодот.
  • Додадена е можност за експорт во Ексел на извештајот за Споредбена спецификација.
  • Изработена можност за Бруто Биланс со структурно печатење.
  • Додадена опција за повикување на Бруто Биланс од содржина на финансов налог, со филтер за конта само оние кои се содржани во финансовиот налог, по датум на книжење, со период од 01/01/<тековна година од фирма> до максималниот датум (на книжење) во содржината на налогот.
  • Додадена е нова можност,  при печатење на финансов налог, покрај број на налог да прикажува и опис на налогот. При печатење табелирано, печатење девизен, печатење по реден број, печатење аналитички рекапитулар, печатење на цели налози до бројот на налогот ќе се печати и неговиот опис.
  • Додадена опција за Бруто Биланс за одреден период со почетен датум различен од 01/01.
  • Направена доработка на опцијата во бруто биланс за (збирна) аналитичка картица, кога е сетирано “Повик на картица од бруто биланс со датум од бруто биланс”, да се однесува и на останатите параметри со кои е повикан бруто билансот.
  • Во аконтативната ДДВ пријава на втората страна додаден дел за ДДВ ИПДО/П.
Услуги
  • Додадена е можност за масовно праќање на услужни фактури преку мејлерот.
Материјално
  • Воведен е 10% ДДВ во опциите за печатење на калкулација во материјално излез и во материјално влез.
  • Изработена Потврда за откупени земјоделски производи. Од материјално влез-> се издава потврда за откупени земјоделски производи. Додаден  филтер за да се пополни шифра на производ, избор на период, избор на коминтент и реколта.
  • Во содржина на влезна калкулација > специјални опции додадена е опција за  “Доделување рабат на сите артикли”.
  • Во содржина на влезна калкулација > специјални опции додадена е опција за  “Доделување рабат на селектирани артикли”.
  • Во материјално-> други прегледи-> лагер листа со параметри, додадена е  можност за филтер по повеќе параметри.
  • Во материјално-влез во содржина на калкулација е изработен нов интерфејс за работа со параметри на производи.
  • Додадена опција за приказ на колона со каталошки броеви во Лагер листа.
  • Вклучен филтер по региони во материјално излез и влез – Филтер (F12).
  • Направено опцијата ” масовно доделување на терк и налог ” да овозможува доделување и на терк 2 и терк 4.
  • Во Лагер листа е додадена колона за ДДВ тарифа на производот.
  • При експорт на Лагер листа во Ексел се додадени колони за каталошки број, бренд и добавувач.
Комерцијално работење
  • Додадено е ново поле во филтерот за Книга на Фактури Ф2 за филтрирање според префикс на полето “по документ”.
  • Додадени колони Цена со ДДВ и Износ со ДДВ на грид во промет по производи Ф6.
Производство
  • Додадена можност за фиксна набавна цена за финален производ.
Други документи
  • Додадено опција за проверка на залиха при креирање на калкулација од профактура. Информација за производи кои ги нема на залиха со соодветни количини кои недостасуваат.
  • Додадена опцијата за печатење -> налог за издавање на роба во материјално -> други документи -> излез -> понуди/нарачи и профактури.
Шифрарници
  • Направена нова опција во Шифрарник на производи> Специјални опции> Промена на цени според коефициент од набавна цена за селектирани производи.
Малопродажба
  • При печатење на малопродажна калкулација воведен е 10% ДДВ
  • Додадена е можност за печатење на декларации со стара и нова цена на производите.
  • Во Лагер листа – проширена е додадена колона за ДДВ тарифа на производот.
Каса
  • Додадена е можност за работа со паралелни сметки во каса.
Сетирања
  • Направено  ново сетирање “Печати цел текст на конто” во Систем-Сетирања-Финансово-Книжење. Ако е вклучено ќе се печати целосен опис на контото.
Договор на дело
  • Додадена е можност да исплатните ливчиња од договори на дело да може да масовно се испраќаат преку мејлерот.

Човечки ресурси
  • Изработена потврда за неискористен одмор.
  • Изработено решение за годишен одмор.
  • Изработен извештај со листа на вработени со искористени денови од годишен одмор по вработен.
  • Додадена е можност за поврзување на Анекс на договор со соодветниот договор за одреден вработен.
  • Додадена можност да се дефинира година за која се доделуваат денови од годишен одмор за вработениот.
  • Во Матични податоци за вработени преку копчето документи е овозможено прикачување на различни типови на документи од досието на вработениот во различни формати.