Детали за особините вградени во новата 7.50 верзија на HELIX пакетот:

Плата
  • Додадена опција за автоматска промена на бруто плата. Се повикува од формата за преглед на матични податоци  – Промена на дефинирана плата. Промената ќе важи за сите вработени на ниво на таа фирма.
Финансово работење
  • Додадена е нова опција со која се  бришат ставките од соодветниот налог кои имаат конто со внесениот префикс. Опцијата се наоѓа во содржина на налог -> Специјални опции -> Бришење на книжења со префикс на конто. При избор на опцијата се појавува панел во кој се внесува префикс на конто и со клик на копчето “Во Ред” се бришат ставките од соодветниот налог кои имаат конто со внесениот префикс.
  • Додадена е опција за импорт на изводи за Шпаркасе Банка (Содржина на налог -> Импорт изводи -> Шпаркасе Банка)
  • Додадено е ново поле за избор на диструбутер во финансово-> аналитика-> промена на период.
Услуги
  • Додадени се нови опции за копирање на селектирани калкулации во  Услуги. Опцијата се повикува од Материјално -> Услуги ->Специјални опции -> Копирање на селектирани калкулации. 
Материјално
  • Додадена е нова опција за копирање на сите производи од лагер листа во во пописна калкулација со датум еднаков на крајниот датум на лагерот. Опцијата се повикува од Материјално->Лагер листа -> Специјални Опции -> Копирање на лагер листа во пописна калкулација.
  • Додадена е нова опција за бришење на селектирани ставки. Опцијата се повикува во содржина на излезна калкулација -> Специјални опции -> Бришење на селектирани ставки.
  • Проширена опцијата за префрлање на влезна калкулација од магацин во магацин со можност за бришење на оригиналната калкулација.
  • Додадена е нова опција за копирање на селектирани калкулации во Материјално Излез. Опцијата се повикува од Материјално -> Излез ->  Копирање -> Копирање на селектирани калкулации.
  • Додадена нова опција за креирање на збирна фактура за комитент кога постојат повеќе испратници од подкомитенти. Опцијата се повикува од Материјално -> Излез -> Специјални опции -> Креирај збирна калкулација за главен комитент. Услов е да бидат селектирани калкулации кои имаат еден ист заеднички главен комитент.
  • Изработена е нова опција за рачно менување на салдо во услуги. Опцијата е видлива при промена на услужна калкулација (Материјално -> Услуги -> Промена).
  • Направена нова опција во материјално -> излез за заклучување на калкулација кога друг корисник ја прегледува истата (содржина, промена или бришење).
  • Додадено е ново поле за избор на диструбутер во материјално-> излез-> филтер Ф12.
Шифрарници
  • Додадена е нова опција во Шифрарници -> Ценовници -> Содржина на ценовник -> Копирај производи од друг ценовник. Со клик на опцијата се појавува панел со избор на ценовник од кој да се копираат производите и поле за внес на процент за рабат за зголемување. Доколку се внесе 0 во полето ќе се копираат истите производи со иста цена и рабат, доколку се внесе некој број на процент се запишува иста цена на производот, но со зголемен рабат за внесениот процент. Опцијата функционира и со негативен рабат.
  • Креирана нова опција за спјување на производи во продавница. Опцијата се повикува од Шифрарник на производи -> Копирање -> Спојување на производи во продавница. Со избор на опцијата, се појавува панел на кој се избира во која продавница ќе се прави промена на работењето т.е. промена на шифрата од еден производ во друг
  • Во шифрарник на производи, во делот основни податоци на производ додадено ново поле за држава од која потекнува производот.
  • Додадена опција за кога се бира производ од малопродажна калкулација во шифрарникот за производи да има колона за моментална количина на производите.
Малопродажба
  • Креиран нов извештај за приказ на производи за кои е направена промена на цена. Извештајот се повикува од Малопродажба -> Други прегледи -> Извештај за промена на цена.
  • Изработена е нова опција за печатење на фискална преку модулот за малопродажба. Во содржина на малопродажна калкулација поставено е ново копче Фискална сметка. Доколку веке е испечатена фискална се појавува порака со прашање дали да се печати повторно фискална. Воведене е и поле кое се означува ако се печати сторна сметка.
  • Додадена е нова опција за повторна пресметка во малопродажна калулација за ажурирање на цени, при повторната пресметка се внесува последната продажна цена. Опцијата е поставена во преглед на содржина на малопродажна калкулација Специјални опции -> Пресметка на сите со ажурирање на цени. 
  • Додадена нова опција во содржина на малопродажна калкулација -> Специјални опции -> Бришење на ставки со количина <= 0 или со иста стара и нова цена.  Опцијата е видлива само за нивелации.
  • На урнекот за печатење на производи само со рабат, додадени се две дополнителни колони за ДДВ и маржа. Поставен е и рекапитулар со колони за продажен износ без ДДВ, рабат износ, ДДВ и продажен износ со ДДВ за сите тарифи 0%, 5%, 10% и 18%. Опцијата се наоѓа во Содржина на малопродажна калкулација -> Печатење -> Печатење само на производи со рабат.
  • Во Малопродажба -> Калкулации -> Нов/Промена, додадено ново поле “Датум на фактура”. Новото поле има влијание само на книжењето.
Каса
  • Додадена можност за креирање на испратница од  каса.
Сетирања
  • Додадено ново сетирање во делот Систем -> Сетирања -> Материјално -> Содржина на излезни калкулации ->Ексклузивен пристап во излезна калкулација. Со оваа опција се заклучува калкулацијата кога друг корисник ја прегледува истата 
  • Воведено ново сетирање за приказ на присутна количина  од производот при креирање на малопродажни калкулации. Сетирањето е на следната локација: Систем сетирања -> Малопродажба -> Колона во Шифрарник на производи за присутна количина при креирање на малопродажни калкулации.
  • Додадена можност во шифрарник на производи -> филтер П/Н/О/П да се пребарува и по бренд на производ.
Кориснички привилегии
  • Креирана и нова привилегија во Систем -> Корисници ->  Материјално -> Излез: Привилегија за отклучување пристап на калкулација. Со оваа привилегија може да се отклучат калкулациите кои ги држат други корисници.