Во период кога законските измени се многу чести, од суштинско значење е бизнисите да се прилагодат брзо и ефективно. Нашиот тим ревносно ги следи и ги анализира тековните промени на законите, и воодушевени сме што можеме да објавиме дека успешно ги вградуваме потребните промени во нашиот софтвер – брзо, сигурно и на време.

Објавена е нова Законска измена:

Законска 115 (26.5.2023): Креирање на Excel датотека за ДДВ Евиденции за големи фирми по член 32 од Закон за ДДВ

Врз основа на барањето на УЈП, ДДВ обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, се должни да достават и:

– евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и став 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
– евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.

Со оваа доработка се овозможува пополнување на соодветната Excel датотека со податоците за влезните и излезните фактури изработени согласно член 32а од Законот за ДДВ.

Промените се изработени во Финансово во Налози. Промените се имплементирани преку додавање на нов таб во опцијата ДДВ Евиденции за големи фирми во менито Книги во формата Преглед на финансови налози за книжење

Во новиот таб Со член 32а се внесуваат соодветните конта на кои се книжи ДДВ, се избира соодветниот даночен период и се кликнува на копчето Експорт.

За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.