Човечкиот потенцијал е најважниот ресурс во секоја компанија. Успешно менаџирање со вработените е најважен приоритет на секој лидер. Покрај грижата за обезбедување на потребните услови, позитивна работна атмосфера, грижа за целите на вработените и нивниот личен и професионален развој, постојат и законски обврски на секоја компанија како водење на прецизна евиденција за своите вработени. Во моментов, во нашата земја не постои ниту едно софтверско решение кое претставува интегриран систем кој ги задоволува сите аспекти во правец на прецизна евиденција за вработените. Па затоа, многу компании мора да користат најмалку три различни независни софтвери за да бидат чисти пред законот, но и да имаат барем некое основно следење на работните активности на вработените. Овој проблем беше наш основен водич при креирање на досега единственото, супер моќно и прецизно интегрирано решение за менаџирање со човечки ресурси, личен доход и евиденција на работно време.

Одличен прецизен модул за човечки ресурси

Модулот за човечки ресурси овозможува евиденција на секој вработен во претпријатието, односно евидентирање на сите релевантни податоци за вработениот кои на кадровата служба и се неопходни во секојдневното работење. Податоците кои се внесуваат во модулот Човечки Ресурси може да се користат во модулот Плата за пресметка на платата на вработените. Решението овозможува менаџирање со сите потребни податоци за вработените:

  • Вработени
  • Работни места – договори
  • Квалификации
  • Степен на образование
  • Степен на инвалидност
  • Статус на вработен
  • Титули(Звања)
  • Тип на работни односи Курсеви
  • Наградни мерки
  • Боледување
  • Систематски прегледи
  • Казнени мерки
  • Странски јазици
  • Семинари
  • Тип на вработен
  • Држави
  • Национална припадност
  • Алати и опрема

Евиденцијата се води за секој вработен, а самата евиденција се повикува преку матичните податоци на вработените. Во секоја од евиденциите има преглед на веќе внесените евиденции за одбраниот вработен и можност за внес на нова евиденција, промена и бришење. Повеќе информации за сите можности на модулот за човечки ресурси, можете да прочитате на следниот линк: Модул за човечки ресурси.

Победа за Вашиот бизнис!

Еден интегриран систем, наместо работење на 3 различни софтвери значи вистинска победа за Вашиот бизнис! Егзактно групирање и управување со податоците е основно правило на сите успешни претприемачи. Заштедете време, пари и нерви!  Побарајте повеќе информации!