Работевме посветено и овој период. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирањето на Вашиот бизнис. Гаранција дека секогаш ќе бидете чекор пред Вашата конкуренција! HELIX во моментов е единствено решение на пазарот кое овозможува на бизнисите да работат без застој! Имплементирана нова законска измена во Вашиот HELIX:

Законска 104 (12.04.2022): Нова даночна пријава ДДВ-04 март 2022

Оваа законска измена е врз основа на новиот Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност, кој влегува во сила на 31 март 2022 година.
Правилникот пропишува нова форма и содржина на Даночната пријава на данокот на додадена вредност – Образец ДДВ – 04.
Измените на образецот ДДВ-04 се во функција на најновите измени на Законот за ДДВ (57/22), со кои е воведена нова категорија на даночен обврзник „оданочив трговец“ (лице кое купува електрична енергија, природен гас, топлинска енергија или енергија за разладување заради натамошна продажба и чија потрошувачка на таквата енегија за сопствени потреби е занемарлива).
За таа цел, во заградата на редните броеви 12 и 14 (излезен промет) и 23 (влезен промет) во Новата пријава на Образецот ДДВ – 04, по точката 4 се додава „ и 5“. На овие редни броеви од ДДВ – 04 пријавата се искажуваат податоците за примен промет извршен од страна даночни обврзници кои немаат седиште во земјата по општа и повластена даночна стапка.
Во останати редни броеви од ДДВ-04 пријавата нема измени во однос на постојаната даночна пријава.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.