Нова законска измена? Без грижи! Веќе е имплементирана во Helix. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирањето на Вашиот бизнис. Helix е гаранција дека Вашето работење е секогаш согласно сите законски регулативи. Нова законска измена имплементирана во Helix:

Законска 103 (01.04.2022): Субвенционирање на придонеси до минимална платa

Оваа законска измена е врз основа на Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, („Службен весник на РСМ’’, бр.41 од 24.02.2022 година). Со оваа измена Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот, имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.

На работодавачот ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата во износ од 1.197,00 денари. Финансиската помош се обезбедува на работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 денари.

Барањето за обезбедување на финансиската помош работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош. За барање за користење на финансиска помош, внесете ја шифрата 405 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер

Во HELIX во Матични податоци на вработени во табот за Податоци за вработување, за вработениот за кој се бара субвенционирање се избира новата шифра 405.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.