Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер ги следи сите законски измени кои се поврзани со работењето во HELIX и веднаш истите ги имплементира во софтверот. Ве потсетуваме на Законската измена 96 која во HELIX е имплементирана од 04.01.2021 година.

Оваа законска измена е поврзана со обврските за усогласување на софтверите за издавање на фискални сметки согласно со измените и дополнувањата на Правилникот за фискалната опрема (Сл. весник, бр. 315/20 и 5/21) со кои е уредена постепена имплементација на надградбата на фискалниот систем.
• Имено, од 1 јули 2021 година ДДВ обврзниците кои продаваат добра и услуги со стапка од 0% (користат ознака В) имаат обврска за надградба на софтверот на фискалните каси за евидентирање на промет ослободен од ДДВ.
• од 1 јануари 2021 година е воведена нова ДДВ стапка од 10% за предавање на храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолните пијалаци (Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност – Службен весник, бр. 267/20)

Со измените во Правилникот (член 26) пропишани се нови ознаки, поврзани со применетите даночни стапки (кодови А, Б, В и Г) на следниот начин:
• ознака „А” за добра и услуги кои се оданочуваат со општа даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18%;
• ознака „Б” за добра и услуги кои се оданочуваат со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 5%;
• ознака „В” за добра и услуги кои се оданочуваат со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10% и
• ознака „Г” за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ) и за извршениот промет на добра и услуги од даночни обврзници кои не се регистрирани за целите на данокот на додадена вредност (ДДВ).

Во HELIX со Законската измена 96  е воведено ново сетирање за поставување на соодветните нови ознаки за даночните стапки. Сетирањето се наоѓа во Систем-> Сетирања табот – Општо – Фискален апарат.

Ова сетирање е возможно само ако ја поседувате Законската верзија 96 која им следува на сите корисници со активен пакет на одржување. Претходно треба фискалниот апарат да се надгради со нов софтвер согласно овие измени кај неговиот производител.

За сите дополнителни прашања нашиот тим Ви стои на располагање.