fbpx

Пред нас е уште една одлична приказна за македонска компанија која бележи одлични деловни резултати. Одвојте неколку минути за сведоштво на компанија која има што да каже: Крис и Том е компанија на која врвен приоритет е безбедното движење на своите клиенти. Токму тоа е обврската поради која оваа компанија обезбедува производи кои се синоним за сигурност и трајност.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

30 години традиција

Иако започна како продавница за автоделови на брендот „Голф“ со тројца вработени, Крис и Том е компанија која веќе 30 години егзистира на пазарот занимавајќи се со увоз и продажба на автоделови.

Автоделови со висок квалитет

Нашата мисија е продажба на автоделови со висок квалитет, присутни како прво вградени во голем број на автомобили.

Крис и Том

Безбедно движење за секого

Денес функционирањето на едно семејство или една фирма без автомобил не може да се замисли. Истовремено безбедното движење на секого би требало да му биде врвен приоритет. Затоа со правилниот избор на реномирани добавувачи на автоделови Крис и Том обезбедува производи кои се синоним за сигурност и трајност.

Нашето искуство со Helix

За Helix дознавме преку препорака. Искуството со Helix не може да се опише кратко. Како и секогаш, почетокот беше тежок – имавме одреден број на специјални барања а времето на изработка на истите траеше предолго, но на крајот заеднички дојдовме до решенија. Јасно е дека програмот за работа е жива материја која треба постојано да се надградува и дека врвно програмирање без знаење на потребите на клиентите не е доволно за совршени решенија.

Нашиот рецепт за успех

Нашиот рецепт за успех е: целосна ангажираност , компетентен тим ,секојдневно надградување со знаења и информации и нормално – финансиска поддршка.

Наши 5 златни правила за успех!

  1. Врвна услуга
  2. Врвен квалитет
  3. Пристапни цени
  4. Задоволни вработени
  5. Целосна посветеност кон задачите