Со цел Вашиот бизнис да функционира нормално  и во услови на криза и вонредна состојба посветено работиме  без прекини и застој и се грижиме секогаш да Ви овозможиме да работите согласно сите законски промени. Новите законски измени се имплементираат во Helix веднаш после нивното објавување од соодветните институции.

Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 92: Финансиска поддршка во вонредна состојба

Оваа законска измена е имплементирана согласно донесените две уредби  со законска сила од страна на владата:

  • Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр. 93 од 7 април 2020 година).
  • Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 92 од 6 април 2020 година).

Воведени се три нови шифри за МПИН  во матични податоци на вработените:

  • 619 – финансиска поддршка за исплата на плати (14500 ден. по работник)
  • 620 – субвенционирање на исплата на придонеси од 50%
  • 621 – финансиска поддршка/субвенционирање по два основа, за финансиска поддршка за исплата на платите и субвенционирање на придонеси за зголемување на платите

Zakonska 92

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.