Потребата од моќен  ERP софтвер за малопродажба е неизбежна имајќи предвид дека повеќето традиционални сопственици на продавници низ целиот свет сега работат со многу мала маржа и се соочуваат со зголемена конкуренција од новите малопродажни формати, како што е електронската трговија и веб-продавниците.

Замислете да управувате со бизнис во кој имате  повеќе продавница со постојано движење на производите, голем број на вработени, како и различни правила за цени, попусти и картички за лојалност кои се применуваат за стотици производи, сето ова со рачни методи. Да знаеме. Звучи како најлош кошмар.

Дали некогаш сте размислувале за имлементација на Малопродажен ЕРП Софтвер?

Ние гарантираме дека ќе ви помогнеме подобро да спиете, истовремено обезбедувајќи поорганизирани процеси на складирање, подобрена севкупна продуктивност и зголемено задоволство на купувачите. Но, наоѓањето на вистински софтвер за управување со малопродажба не е лесна задача, имајќи ги предвид сите решенија достапни на пазарот денес.

Со цел да ви помогнеме во Вашиот избор, ние ја составивме оваа листа од 10 карактеристики кои секој модерен ERP софтвер за малопродажба мора да ги содржи:

  1. Управување со клиенти
  2. Попусти, награди и управување со програми за лојалност на корисниците
  3. Управување со производи
  4. Управување со залихи на производите
  5. Управување со магацини и продавници
  6. Управување со цени и попусти
  7. Набавки и релации со добавувачи
  8. Управување со вработените
  9. Извештаи за продажба и анализа на продажбите
  10. Модул за каса

Управување со клиенти

Модулот за управување со клиенти им помага на трговците на мало да ги надминат предизвиците поврзани со клиентите и да постигнат навистина интегриран, сеопфатен поглед на клиентите. Тоа им дава на трговците уникатна способност да ги комуницираат купувачите на конзистентен и вистински персонализиран начин во сите продажни канали и допирни точки. Овој дел од  малопродажниот софтвер ги собира податоците за историјата на купување на вашите клиенти, овозможувајќи ви да ги идентификувате вашите највредни купувачи.

Еден добар ERP софтвер за малопродажба треба да овозможи конзистентен начин на чување на следниве податоци за клиентите:

  • Основни информации за купувачите
  • Историја на трансакции на купувачите
  • Податоци за лојалност

Попусти, награди  и управување со програми за лојалност на корисниците

Идентификување на редовни купувачи е од витално значење! Според едно истражување, две третини од испитаниците велат дека веројатно ќе престанат да пазаруваат во дадена продавница, ако не ги препознаат како лојални клиенти. Затоа, од суштинско значење е секој модерен ERP софтвер за малопродажба да обезбеди модул за менаџирање со програми за лојалност.

Овој модул треба да ви овозможи работа со разни видови на програми за членство кои овозможуваат промотивни и маркетинг шеми во согласност со главните малопродажни практики.

Управување со производи

Секој малопродажен ERP софтвер, дури и најбазичниот, треба да обезбедат некаков вид на функции за управување со производите, како што се: управување со матични податоци на производот и категоризација на производи. Но, повеќето напредни решенија за управување со малопродажба обезбедуваат широк опсег на функционалности, како што се:

  • Групирање на производи – Групирање на производи според категорија, тип, бренд продажба и друго. Се користат паметни групирања за полесно автоматско филтрирање врз основа на група на производ, добавувач, бренд и други параметри.  
  • Варијации на производот – Можност за различни верзии на вашите производи, како што се повеќе големини, бои, материјали, рок на траење и многу повеќе.
  • Поддршка за баркод – Доделување на постоечки баркодови за производи или создавање на нови.
  • Повеќе напредни функции за управување со производи: сериски број и  Лот број, гаранција на производот, рокови на траење, величини, пакување и управување со други дополнителни карактеристики на производите.

Управување со залихи на производите

Управувањето со залихите на производите игра важна улога во успехот на вашата продавница. Вашиот следен малопродажен ERP софтвер треба да ви овозможи да ги оптимизирате вашите залихи, да управувате со движењето на производите помеѓу различни магацини и продавници и  поедноставно правење на попис. Покрај тоа, се треба да овозможи и автоматизирано печатење на налепници со декларации и баркодови.

Имплементација на малопродажен ERP софтвер ќе ви даде јасен поглед на вашите залихи во реално време. Бидејќи можете да ги идентификувате и критични количини, да дефинирате минимални и максимални количини, да следите ставки на специфични нивоа како што се големина, сезона и боја, можете да ги идентификувате трендовите во вашата продавница и да се осигурате дека Вашите продавници се соодветно снабдени со популарните  производи за соодветниот период. Ова го олеснува следењето и снабдувањето со вашите најпродавани производи, како и за откривање на слабо продаваните  производи

Управување со магацини и продавници

Оваа функција практично значи дека вашиот ERP софтвер треба да овозможи:

  • Создавање на неограничен број на продавници и магацини
  • Автоматско креирање на соодветни документи при пренос на производите од еден магацин во друг магацин или продавница
  • Можност на креирање на структура на магацините преку креирање на повеќе подмагацини во рамките на еден магацин

Управување со цени и попусти

Вашиот следен малопродажен ERP софтвер треба да обезбеди напредни функции за одредување на цените и за креирање попусти, кои ќе автоматизираат некои од клучните процеси во овој сегмент. Со тоа ќе се намалат грешките во цените за  100%, ќе ја подобри продуктивноста на вашиот тим и ќе го зголеми задоволството на Вашите клиенти.

Еден добар ERP софтвер треба да ги обезбеди следниве карактеристики:

  • Можност за повеќе различни продажни цени за еден производ
  • Креирање на различни ценовници кој може да се користат за различни клиенти
  • Можност за автоматска промена на цените
  • Извештај за дадени попусти
  • Доделување на рабати за одредени клиенти
  • Дефинирање на акции со попусти за одредени групи на производи, за одредени производи, гратис производи и други можни комбинации на специјални акции

Набавки и релации со добавувачи

Еден добар ERP софтвер треба да ви овозможи да поставите правила за набавки, централни набавки со децентрализирани испораки. Покрај тоа, треба да ви овозможи да ги поставите одобренијата за купување на разни нивоа и да управувате со повеќе листи на набавни цени, како и можност за креирање на барања за понуди и нарачки.

Последно, но не и најмалку важно, секој ERP софтвер треба да ви овозможи детални извештаи за набавките од одредени добавувачи. 

Управување со вработените

Управувањето со вработените е важна компонента на добро раководениот малопродажен бизнис. Како минимум, секој малопродажен ERP софтвер треба да ги обезбеди можност за анализа на остварена продажба од одреден вработен во одреден период. Ова ќе и овозможи на компанијата и можност на воведување на награди за вработените врз основа на нивната остварена продажба.

Извештаи за продажба и анализа на продажбите

Анализата на малопродажба во реално време ќе ги поддржи вашите одлуки за портфолиото на производи, цените и многу повеќе. Затоа, секој модерен ERP софтвер треба да обезбеди извештаи и анализи во реално време. Функционалноста за известување за продажба и анализата ви овозможува да ги следите и анализирате продажните податоци на вашата продавница. Не само што ова автоматски води евиденција за она што се продава добро, туку исто така покажува колку приходи се прават од секој производ. Ова ви овозможува да ги идентификувате и да се фокусирате на продажбата на производите кои Ви носат најголем приход во компанијата.

Вашиот малопродажен ERP софтвер треба да ви овозможи да креирате сопствени извештаи кои можат да се извезат за понатамошни анализи во вашата омилена алатка за табеларни пресметки, или може да бидат испратени до вашиот сметководител.

Модул за каса

Секое сеопфатно ERP решение за малопродажба треба да содржи модул за каса кој треба обезбеди пријателски кориснички интерфејс што е лесен за учење во рок од неколку дена. Модулот за каса исто така треба да ги има следниве карактеристики

  • Брза продажба
  • Прифаќање на различни начини на плаќање: готовина, кредитни и дебитни картички, фактури и друго
  • Компатибилен со стандардите за бар кодови (EAN8, EAN 13, GS1, …)
  • Да функционира со производи со различни тежини кој се исчитуваат од баркодот креиран од производителот или од вагата.
  • Интеграција со екрани на допир, баркод читачи, фискални принтери, принтери за печатење на баркодови,..
  • Автоматско креирање на сите законски предвидени извештаи (ЕТ, КДФИ,…)

Едноставно креирање на попусти, специјални акции, итн.

HELIX решениeто за малопродажно работење ги содржи сите овие 10 карактеристики и уште многу други карактеристики кои ќе ви помогнат во поквалитетно, поедноставно и побрзо управување со работата на Вашите малопродажни места.

Ако сте спремни да направите чекор во вистински правец за Вашиот бизнис нашиот тим Ви стои на располагање.

Побарајте понуда денес!