Зонел Софтвер целосно ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.

Најновата законска измена која е имплементирана е следната:

Промените се воведени поради донесување на измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.119/16), се продолжуваат активностите од проектот „Македонија вработува“, во чија втора фаза предвидена е можноста работодавачот од приватниот сектор, по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход, под одредени услови пропишани со законот.

Промените се имплементирани во делот на Матични податоци за вработени со воведување на нови шифри за користење на ослободувањето од плаќање на придонесите и/или ПДД, во полето Шифра за МПИН за нововработени во зависност од категоријата во која припаѓа невработеното лице:

Промена на шифрите за ослободување од придонеси

За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк: Законски верзии