Постојат повеќе начини на управување на работата на еден ресторан и тие може да се разликуваат во повеќе детали во стилот на управување, но сепак, секогаш постои еден заеднички именител кога станува збор за поставувањето на основната цел: максимизирање на профитабилноста на ресторанот. Со цел да се зголеми профитабилноста на ресторанот, мора секогаш да се следат и да се знаат детално оперативните трошоци на ресторанот и како тие влијаат на продуктивноста и ефикасноста на ресторанот во обезбедување на квалитетни услуги на клиентите. Управувањето игра многу важна улога во контролата на балансот на трошоците и профитабилноста.

Ефективниот менаџер мора секогаш да се занимава со прашања кои се однесуваат на контрола на залихи, цени, нарачки и многу други активности. Честопати, профитабилноста на ресторанот или се зголемува или намалува во зависност од тоа колку добро се управува со ресторанот.

Со оглед на проблемите кои ги предизвикува рачното управување на ресторани кои имаат еден или повеќе објекти, овој начин на управување може да донесе само повеќе конфузија и зголемување на можноста за малверзации од страна на вработените.

Во угостителството, малверзациите доведуваат до пад во продуктивноста и ефикасноста во работењето, ова пак ќе доведе до намалено задоволството на клиентите. Ова е причина зошто да се воведе HELIX-P2 софтверот за ресторанско работење во Вашиот ресторан. Управување со ресторан со користење на добро развиен софтвер ги минимизира проблемите на лошо управување и намалена продуктивност. Воведувањето на HELIX-P2 софтвер за ресторанско работење во Вашиот систем на управување на различните бизнис процеси подразбира дека вашиот ресторан е конкурентен, иновативен, добро управуван, и во тек со најновите трендови во менаџментот и бизнисот.

Софтвер за ресторанско работење

Во ЗОНЕЛ Софтвер, водечки принцип при дизајнот и развој на софтверот е да се развива софтвер од светска класа и со висок квалитет. HELIX-P2 – Софтвер за ресторанско работење е резултат на посветеноста на ЗОНЕЛ Софтвер во изработката на прецизен софтвер кој е дизајниран да одговори на секојдневните проблеми со кои се соочува секој сопственик на ресторан а се поврзани со управувањето на типичен ресторан – независно дали се работи за мал или голем ресторан. HELIX-P2 нуди систем кој е во можност да им овозможи на менаџерите на ресторанот алатки со кои ќе имаат целосна контрола и надгледување на сите критични операции во ресторанот како што се: управување со мени листата, контрола и управување со залихите, контрола на доделување на масите, и многу повеќе. Исто така, HELIX-P2 им овозможува на своите клиенти ефикасно, едноставно и брзо примање на нарачките, со стандардните можности на печатење на нарачка на повеќе локации, а исто така овозможени се можности за дополнителни објаснувања на нарачките за специјални барања на клиентите.

HELIX-P2 овозможува голем степен на безбедност при неговото користење со можност на воведување на повеќе корисници со различен тип на кориснички привилегии. Ова овозможува поедноставна синхронизација и контрола на оперативното работење на ресторанот на повеќе работни станици и на повеќе локации.

Промената и работата со податоци во една локација ќе резултира со генерална синхронизација на податоците на сите локации со што се овозможува автоматски да се осигура дека секогаш се работи со реални и точни податоци на секоја локација.

Со користење на HELIX-P2 – Софтвер за ресторанско работење, ресторанот во голема мера може да го поедностави управувањето со залихи, работа со нормативи, пописи, интеграцијата со сметководството и другите процеси во секојдневното работење на ресторанот. HELIX-P2 софтверот за управување со ресторан исто така има можност за целосна интеграција со Софтверот за Хотелско работење на ЗОНЕЛ Софтвер. Интеграцијата на двата системи може сериозно да помогне во стабилно и поедноставно управување со двата делови од бизнисот – ресторанското и хотелското работење.

Софтвер за ресторанско работење

За поголемо забрзување и подобрување на системот на нарачки HELIX-P2 овозможува користење на Tablet уреди со Android OS за процесирање на нарачките од клиентите. Овој софтверски модул е целосно способен за автоматско испраќање нарачките од Tablet уредите директно во кујната и шанкот, без никаква потреба за рачна манипулација. Ова драматично го поедноставува системот за нарачки кој често е од клучно значење во одредувањето на продуктивноста и ефикасноста на ресторанот во обезбедување на услугите на своите клиенти. Со овој модул, ресторанот може драстично да ги намали грешките во нарачката како и да го забрза процесирањето на нарачките од клиентите до кујната и шанкот. Овој модул ги промовира принципите на прецизност и ефикасност што ќе го олесни Вашето работење и ќе го зголеми задоволството на клиентите. Ова навидум едноставно подобрување може значително да го подобри функционирањето на ресторанот и посебно продажните перформанси.

Како што претходно спомнавме, управување е само чин на балансирање на трошоците и профитабилноста. Трошоците кои се генерираа поради лошото управување, неточни податоци и извештаи, злоупотреба на залихите, неефикасноста испорака на нарачките, и слично, далеку ги надминуваат трошоците за имплементација на HELIX-P2 софтверот за ресторанско работење. Во бизнисот, нема простор за импровизации и малверзации кога вашата цел е да се зголеми профитабилноста. HELIX-P2 софтверот ви ги обезбедува најдобрите алатки кои вашиот ресторан може да ги користи за да се зголеми неговата профитабилност, задоволството на клиентите и подобрување на секојдневното управување со ресторанот.

ЗОНЕЛ СОФТВЕР

Побарај понуда!