Ослободување од печат на фактура: Согласно со измената на членот 53, став 10, точка 10 од Законот за додадена вредност (Службен весник на РМ бр. 112/14) наместо потпис и печат на издавачот на фактурата уредната ДДВ фактура мора да содржи: ИМЕ, ПРЕЗИМЕ И ПОТПИС НА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ФАКТУРИ КАЈ ИЗДАВАЧОТ НА ФАКТУРАТА.

Од 1 јануари 2016 година отпаѓа обрската за задолжително ставање печат на фактурата за целите на ДДВ.

ИЗДАВАЧОТ на фактури (било кон субјекти во земјата или во странство) законска обврска е фактурите да го имаат како задолжителен елемент следното: „овластено лице за потпис на фактура“ или „овластен потписник на фактура“ или „фактурирал – овластено лице“ и сл. а потоа да се наведе неговото: име и презиме и потпис.

Согласно овие законски измени Зонел Софтвер ја изработи последната законска верзија за оваа година:

Законска 68 (31.12.2015): Законска измена за ослободување од печат на фактура 01.2016 г

Додавање на потписник на фактура во HELIX:

Во HELIX во менито Фирма -> Избор на фирма  во податоци за фирма ги внесувате податоците за потписник на фактурите и ја избирате сликата за потпис која ќе важи за сите корисници.

Zakonska Faktura 1

Во случај кога за различни корисници на HELIX има различен потписник на фактурта истиот им се доделува преку менито Систем -> Корисници и таму на корисникот му се доделува потписникот на фактурата со сите потребни податоци и  сликата за потпис.

Zakonska Faktura 2

За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк: Законски верзии