Со задоволство ја претставуваме Верзија 9.10 на Helix, која носи нови функционалности и подобрувања за уште поефикасно и полесно управување со Вашето работење. Во оваа верзија се вклучени бројни унапредувања на модулите, оптимизации на процесите и подобрен кориснички интерфејс, овозможувајќи Ви побрза и поинтуитивна работа секој ден.

Само некои од новостите:

  • Направена имплементација на можност за селекција за секој корисник посебно,
  • Нова опција за автоматско затворање на нереализирани курсни разлики од денарско-девизни конта,
  • Во материјално -> други извештаи -> извештаи е направен извештај “По комитенти, со продажен износ по брендови”,
  • Додадена е можност на ниво на магацин да се дефинира начинот на повлекување на репроматеријали при производство,
  • Направена нова опција за филтрирање или селекција на производи од шифрарникот на производи,
  • Поставена е нова опција за префрлање на салда од малопродажба со префрлање на почетна состојба
  • Во комерцијални извештаи – малопродажба – издадени производи, додаден рекапитулар по даночни тарифи со збирен износ набавен, продажен и профит по тарифа.

Сите новини имплементирани во Верзија 9.10 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 9.10