Пописот е една од најважните активности за трговските компании. Квалитетниот и редовен попис може правилно да ја насочи Вашата компанија кон прогрес. Физичкото пребројување на производите не е секогаш најтешкиот дел од пописот. Долги години компаниите се соочуваа со недоволна документација и компликации како да направат правилна споредба. Голем дел од компаниите кои бележат прогрес изминативе години решението го пронајдоа во HELIX – професионалниот софтвер. Особено со користење на HELIX Mobile апликацијата.
Со HELIX Mobile отсега ќе имате брзо внесување на пописни количини со мобилен уред – директно од местото каде се складирани производите, без присуство покрај главниот компјутер. Системот овозможува работа со бар код читач, со што пописот ќе го правите значително побрзо од претходно. Решението овозможува автоматска размена на сите пописни документи со главниот сервер. Со опцијата за споредбен лагер на Вашиот HELIX, се креираат автоматски документи, споредбен влез и споредбен излез со кои состојбата од контролниот попис се изедначува со состојбата од лагер листата. По креирањето на овие документи, можете да отпечатите пописна листа во која ќе се евидентираат кусокот и вишокот на производи. Ефикасен процес за брз и прецизен попис!