Секој нов клиент е значаен за секое сметководствено биро. Нов приход но и нови предизвици. Кога се презема нов клиент првото прашање е секако како брзо и едноставно да се започне со работа со неговите податоци.

Тука се и првите проблеми: Како да започнеме со работа ако клиентот има голем број на производи или комитенти? Како да ја внесеме моменталната состојба на залихата? Како да го внесеме финансиското салдо за сите коминтенти?

Како корисници на HELIX Вие имате едноставен одговор на овие проблеми: HELIX Мигратор!!!

Што е HELIX Мигратор?

Миграторот преставува алатка која е специјално изработена за да Ви го олесниме прифаќањето на нови клиенти но и да им го олесниме процесот на префрлање од други софтвери на нашите нови корисници.

Оваа алатка овозможува брзо и едноставно импортирање на сите потребни податоци кои претходно треба да бидат поставени во однапред дефинирани Excel урнеци од Ваша страна.

Што може да се импортира?

Миграторот како алатка овозможува импортирање на сите потребни податоци за да можете веднаш да започнете со работа со Вашиот клиент.

  • Шифрарник на производи – овозможува импортирање на сите потребни податоци за производите

За импортирање на производите имаме и два посебни урнеци за импорт од Ексел. Тоа е можноста да се импортираат нормативите ако клиентот користи производство во своето работење и урнекот за импортирање на бар кодови ако се работи за корисници кои користат бар кодови (маркети, магацини, …)

  • Шифрарник на коминтенти – со овој урнек во Ексел се овозможува импортирање на сите потребни податоци за коминтентите

Во случај ако Вашите клиенти користат поделба на своите коминтенти по групи истите групи може да се импортират во HELIX преку миграторот.

  • Ценовници – Ако Вашиот клиент работи со специјални ценовници за своите корисници со урнекот за импорт на ценовници им овозможуваме брзо и едноставно и во HELIX да продолжат да работат со истите ценовници од претходно
  • Излезни документи – Сите фактури, испратници и други излезни документи кои Вашиот нов клиент ги има изработено во претходниот софтвер со помош на овој урнек може на брз и едноставен начин да се импортираат во HELIX
  • Влезни документи – Сите влезови дали се од увоз или од домашен пазар може едноставно и брзо да се импортираат во HELIX
  • Финансово работење – Сите книжења по налози од претходниот софтвер може преку овој урнек во Ексел да се импортираат во HELIX

HELIX Миграторот со сите претходно спомнати урнеци многу брзо и едноставно Ви овозможува да ги преземете сите податоци на Вашиот нов клиент.  Ваша обврска е само експортирање во Ексел на податоците од стариот софтвер на клиентот и нивно префрлање во соодветните урнеци. Таквите урнеци тимот на ЗОНЕЛ Софтвер ќе ги мпортира за Вас во Вашиот HELIX.

За сите подетални информации околу HELIX Миграторот нашиот тим Ви стои на располагање: Контакти