Детали за особините вградени во новата 10.0 верзија на HELIX пакетот:

Фирма
  • Додадена е можност за пуштање на почетна состојба во истата година без отворање на нови години
  • Можност за истовремено отворање на повеќе форми (прозорци) истовремено: материјални документи, малопродажни документи, лагер, материјална картица,…..
Финансово работење

  • Отворени нови позиции во терк за книжење 14 и 15, Просечна набавна цена со и без ДДВ и поле за порамнувачко конто.
  • Додадена опција за импорт на банкарски извод од Силк Роуд Банк
  • Додадена е нова опција  за внес на теркови за финансово книжење на трошковни фактури директно во финансово. Со оваа опција се овозможува брзо книжење на трошковни фактури директно во книжење во налози во финансово работење.
Материјално
  • Додадена е опција за можност за повикување на материјална картица за повеќе години
  • Додадена е опција за креирање на нарачки од предвидувања на Модулот за Вештачка интелигенција
  • Направена опција при повикување на лагер листа за сите магацини или за повеќе магацини да има можност да се избере истата да биде без цени.
  • Направена нова опција во Материјално> Лагер листа Скратена. Опцијата има можност за избор на период и начин на подредување.
  • Додадена е можност за распоред на транспортни трошоци во увозна калкулација наместо по износ на вредноста на производите да се распоредува пропорционално со количините на производите
  • Во модулот за откуп на земјоделски производи е направена опција за експорт во Ексел на образец 13 за  МЗШВ
  • Во модулот за откуп на земјоделски производи направена  е  опција за Масовно печатење на откупни белешки од селектирани калкулации.
  • Изработена нова опција за масовно доделување на организациона единица во материјално- влез на селектирани калкулаци.
  • Направено ново печатење Во материјално-> излез-> промет по производи-> промет по производи и месеци-> генерирај извештај-> печатење со лагер. Со ова печатење се додава колона за лагер на извештајот.
Плата
  • Додадена е нова опција на ниво на дефинирани ставки: пресметка на минат труд. Доколку е селектирана оваа опција ставките влијаат на пресметката на минатиот труд.
Шифрарници
  • Во шифрарник на групи на производи, додадено е  поле за странски назив на група на производи.
  • Направено нова опција за копирање на конта од еден во друг контен план. Опцијата е на следнава локација: Шифрарник-Контен план-Специјални опции-Шифрарник на контни планови-Копирање контен план.
Малопродажба
  • Додадена е опција во малорподажба кога ќе се пушти сторно фискална, да се евидентира во лагер листа и да се креира автоматска сторно калкулација
  • Брза лагер листа со продадени количини за одреден производ. Додадена е можност да се прикажуваат и производите кои немаат продажба во избраниот период.
  • Акции – овозможена опција за попуст на повеќе производи. Можност за внесување на селектирани производи во Модулот за Акции за кои ќе важи попустот
Каса
  • При наплата на сметка доколку се избере комитент со доделен рабат јавува порака дали да се запише рабатот на артиклите.
Сетирања
  • Додадено ново сетирање на ниво на фирма за распоред на трошоци од транспорт по количинска пропорција во увозна калкулација
Кориснички привилегии
  • Воведена е нова корисничка привилегија во систем-корисници-финансово: Забрана за бришење на конта. Кога оваа опција е означена не е возможно бришење на конта од страна на корисникот.
  • Направена нова корисничка привилегија за дозвола за работа во одредени продавници.
  • Додадена е нова корисничка привилегија за работа со мобилни уреди за целосна верификација на производите
Станбено работење
  • Во шифрарник -> магацини -> нов / промена во табот Дополнителни податоци е додадена нова радио група во која има можност да се избере дали магацинот ќе биде станбено работење или не.
Ресторанско работење
  • Направена е опција за можност на креирање на фактура со угостителски услуги  и соодветна спецификација за ставките
  • Додадена е можност за внес на слика за група на производи
  • Додадена е можност за креирање на ресторанско мени со опции за креирање, бришење и промена на мени.
  • Редизајн на графичкиот изглед на масите и работната околина на каса со монитори осетливи на допир.
  • Додадена е опција во келнерската апликација за одобрување на нарачки од гостите преку гостинска Веб апликација.
HELIX Mobile
  • Додадена е нова можност за внес на излезни фактури со избор на тип: Излезна фактура или Парагон
  • Нов извештај за верификувани ставки по корисник. Се повикува од материјално -> излез -> Печатење -> Извештај за верификувани ставки по корисник.
Услужни фактури
  • Во опцијата за масовно фактурирање е додадена можност за поставување на префикс на број на фактурите кои се креираат.
Креатор Плус
  • Овозможен пристап до извештаите преку ВЕБ
  • Направени дополнителни извештаи: Преглед на нарачки, Продадени артикли по комерцијалист, Продадени артикли по брендови, Наплата по комерцијалисти
  • Нови функции за работа со датум и време (ден, месец, квартал, година)
  • Можност за деактивација на услови (во филтер)
  • PIVOT и нов извештај за потрошувачка на хартија по ОЕ по месеци
  • Овозможен е директен пристап до омилените извештаи (фаворити) во Креатор Плус од други локации во HELIX
Сервисни налози
  • Додадени ВИН број и регистарска таблица за возила
  • Додадена е можност за внесување на сервисни интервенции за сервисниот налог. Истите се повикуваат од шифрарник на услуги
  • Додадена е можност за внесување на производи кои се искористени во сервисниот налог
ZONEL Scan
  • Подобрен алгоритам за препознавање на повеќе линии на текст
Кориснички креирани документи
  • Креирање сопствени неограничен број извештаи
  • Додадена е можност за додавање на линк до надворешни фајлови во креираните документи. Со клик на линкот се отвора соодветниот документ (pdf,xls,txt,…)
  • Додадена е опција за директно внесување на податоци во колоните од кориснички документи со едноставно копирање од колони во Ексел документ.