<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Плата |
Како да направам корекција на плата која е претходно изготвена и пуштена и повратно е добиена прифатена декларација?
Откако е направена корекција во пресметката и со тоа се добиени нови износи на придонеси, персонален, нето за исплата... треба во ставката “запирање” да се внесе износот на претходно исплатеното нето (со негативен предзнак). Потоа креирате нова “Подготовка за МПИН”, и откако истата ќе ја вчитате во клиентскиот софтвер од УЈП, рачно ќе ја промените шифрата во полето 1.3 во “103”, и ќе ги избришете сите вработени за кои нема корекција. Конечно во Хеликс програмот ќе го избришете износот во ставката “запирање”, како би останал конечниот износ за исплата согласно корекцијата. |
Зошто во нова фирма за која првпат правам плата, не ми се појавуваат дефинираните ставки во пресметката (постои само ставка за “редовно работење”)?
Кога се отвара нова фирма, потребно е да се изврши ажурирање на дефинираните ставки, со можност за дефинирање и на нови ставки или промени во постоечките. За тоа е потребно само да се отвори формата за дефинирани ставки, и со затварање на истата се потврдуваат ставките за таа фирма. Напоменуваме дека ова е неопходно да се направи само еднаш во секоја нова фирма. |
Како да направам пријава и одјава на вработен во ист месец?
Доколку се работи прво за одјава, а потоа пријава, тогаш се внесува лицето прво со датумот на одјавата, каде во редовно работење се внесуваат часовите заклучно денот на одјава; а потоа истото лице се повикува уште еднаш во пресметката, овојпат со датум на пријавата, и часови од денот на пријавата до крај на месецот. Доколку се работи за лице кое има прво пријава, а потоа одјава во истиот месец, тогаш првин се внесува пресметка со датум на пријавата, но во редовно работење се ставаат 0 (нула) часови. Потоа лицето се повикува уште еднаш во пресметката, со датум на одјавата, а во редовно работење се внесуваат часовите од датумот на пријава до датумот на одјава. |
Како да направам плата на скратено работно време?
Откако ќе се означи пресметката дека се однесува на скратено работно време, часовите во редовно работење треба да се преполоват. Бруто платата која се внесува во полето за основна бруто плата треба да биде внесена на полн износ – како за полно работно време. |
Зошто за едно лице кое е на боледување во тековниот месец, платата наместо да се намали, се зголеми?
Износот за боледувањата се пресметува како процент од просечната бруто плата во изминати 12 месеци од месецот за кој се прави пресметка. Затоа во одредени случаи кога има значителна промена на платата кај одредено лице во претходните неколку месеци, износот кој се добива за боледување може значително да ја намали платата во тековниот месец (ако во скорешно време платата на тоа лице му е значително зголемена), односно боледувањето го зголемува вкупниот износ ако во скорешниот период платата за тоа лице е значително намалена. |
Како се изработува плата за лице кое е ослободено од придонеси и/или персонален данок?
Во матичните податоци за секое лице може да се внесе дали некое лице е ослободено од придонеси и/или персонален данок, како и по која основа е ослободувањето (која шифра треба да се запише во МПИН во полето 3.23). Кога ослободувањето е временски ограничено, потребно е крајниот датум до кој важи ослободувањето да биде соодветно внесен. Кај ослободувањата кои се временски неограничени доволно е да се внесе само основата по која е истото (н.п. ако лицето е инвалид, адвокат...). Ако се работи за заштитна фирма, тогаш треба истото да биде сетирано во генералии на фирмата, во табот - податоци за плата. |
Како се внесува ослободување од придонес за вработување и персонален данок за самовработено лице, односно трговец - поединец?
Во дефиниција на правниот субјект, во табот - податоци за плата, треба да биде избрано СТД, и задолжително треба да биде внесен видот на дејност економска или интелектуална. Потоа во матични податоци кај основачот во полето Позиција треба да биде избрано сетирањето за “Директор”. |
Како се изработува плата за лице кое е на дополнителна работа во дадениот правен субјект (а е редовно вработено во друг правен субјект)?
За лицето кое е на дополнителна работа, во матичните податоци во табот “Податоци за вработување” се сетира соодветното поле дека ова лице е без даночно ослободување. Во самата пресметка на плата, во полето за основна бруто плата се внесува полн износ – како за полно работно време; а во редовно работење се внесуваат часовите кои тоа лице ги одработило (максимум 40 часа месечно). Конечно, за лицата кои се на дополнителна работа се повикува засебна подготовка за МПИН. |
Како се изработува авансна, односно конечна плата?
Кога работодавачот ја исплаќа платата на вработените на два или повеќе делови, во тој случај во самата пресметка кај сите лица се сетира тип на пресметка – аванс. Се внесува износот на плата кој се исплаќа во авансот, и на Подготовка за МПИН се избира – дел од плата (аванс). Внимавајте во системските сетирарања, во делот за плата да биде сетирано “Авансна плата без доплати”. При изработка на конечната плата, во полето за бруто плата се внесува комплетниот износ за цел месец, а кај секое лице се внесува износот на претходно исплатеното нето, во ставката запирање (со негативен предзнак). При подготовката за МПИН се избира – дел од плата (конечна). |
Проблем со книжење на плата
Доколку опцијата за автоматско книжење на плата не функционира потребно е да се направи проверка на следново: - Дали постои празен налог или налогот во кој сакате да книжите е заклучен - Проверка на внесените конта во теркот за автоматско книжење. |
Неможност за креирање на месец
Проверка на кориснички привилегии на ниво на корисник (Систем-Корисници-Плата) Проверка дали имате воопшто внесено вработени со соодветна шифра во дадената фирма, односно истите се моментно вработени (опцијата во матични податоци, во табот "Податоци за вработување" е сетирана на "Да"). |
Не можам да креирам/отворам нов вработен во матични податоци.
Проверка дали соодветниот корисник има привилегија за креирање на нов вработен Проверка во избор на Фирма, во полето за код соодветно треба да биде запишан кодот за плата 0 или 1. |
Во МПИН при креирање на фајл ми јавува порака ‘Неуспешна инкрипција’?
Проверка на јавниот клуч дали воопшто е инсталиран на соодветниот компјутер на кој се креира платата, дали е добро инсталиран и дали е важечки т.е проверка дали е истечен. |
Зошто се јавува пораката “фајлот се парсира” при прикачување на xml фајл за ПДД-ГИ?
Најчесто се пропуштени задолжителни полиња во генералии на фирма (како на пр. емаил, тел. и сл.) или поради несовпаѓање во датумите од-до при креирање на e-tаx со датумот на прикачување на фајлот или е внесен префикс МК пред даночниот број на ниво на фирма. |
Како се креира хмл фајл за Е- ПДД?
Во избор на фирми се избира опцијата за ПДД-ги.Откога ќе се внесат вработените рачно или преку превземање вработени се клка на опцијата Е-ТАХ.Се појавува поле за внес на датум за кој сакате да се превземат податоци од табелата и се креира хмл фајл на соодветна патека за која вие самите одлучувате (десктоп, посебен фолдер...).Истиот тој фајл го атачирате на страната на УЈП. |
Како да направам плата за практиканти во програмот?
При дефинирање на матични податоци за лицето потребно е да биде избрана опцијата практикант/да и по спремање на плата потребно е да се подготви и испрати посебен фајл во МПИН користејќи ја опцијата за Подготовка за МПИН/Практиканти. |
При изработка на плата ми јавува грешка?
Да се провери во генералии на фирмата дали во полето код за плата стои 0. Грешките при изработка на плата најчесто се јавуваат доколку ова поле е оставено празно. |
Во пресметка за плата не можам да го повикам вработени, ниту пак пресметка?
Да се провери дали во матичните податоци вработените се внесени со валидни податоци, исто така во вториот таб (податоци за вработување) вработениот треба да биде со статус вработен ДА. |
При подготовка на плата еднаш го избришав месецот па пак го креирав истиот и дупло ми се зголеми стажот кај сите вработени?
По влез во плата/матични податоци за вработени, во таб акции се избира опцијата намали месец во стаж и стажот ќе биде вратен наназад за еден месец за сите евидентирани вработени. |
Дали постои можност за автоматско книжење на плата во програмот Хеликс?
Опција за автоматско книжење на плата во програмот постои. Креирањето на теркот се врши на следната патека: Фирми--> Плата--> Пресметка на плата--> Специјални опции--> Теркови за автоматско книжење. На истата патека со избор на Автоматско книжење на рекапитулар и избот на финансов налог се врши автоматското книжење на селектираната плата. |
Потребни ми се извештаи од плата за кои во Хеликсот не постои опција за приказ.
Во модулот Плата постои можност за самостојно креирање на извештаи зависно потребите во текот на работењето. Креирањето на ваквите извештаи е на следната патека: Пресметка на плата--> Извештаи--> Динамички извештај--> од понудените полиња во гридот, ги селектирте оние за кои имате потреба да се прикажат како податоци на извештајот кој го креирате--> Сними(Ф9). Еднаш креиран извештај, можете да го повикувате секогаш кога ќе ви биде потребен зa селектиран месец повикувајќи го копчето Одбери извештај(Ф5). |