<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Фирми |
Зошто не ми се снима новоотворена фирма? Претходно се обидов да ја отворам, но не се појави во списокот на фирми.
Фирма со таа шифра веќе е отворена и системот не Ви дозволува да отворите уште една со истата шифра. Претходната не ја гледате бидејќи не сте доделиле коректна тековна година (во долниот десен агол на формата). За да ја видите претходно отворената фирма и да ја корегирате тековната година, кај избор на година во десниот дел на екранот, изберете “сите” и претходно внесената фирма ќе се прикаже во списокот. |
Како да избришам фирма која по грешка е отворена, односно не сакам повеќе да постои во списокот?
Бришење на фирма е неповратна активност, т.е. еднаш избришана фирма не може да биде вратена. Затоа опцијата за бришење се наоѓа во менито – специјални опции, и за да се изврши бришење мора да се потврди дека со сигурност сакате да ја повикате опцијата. |
Дали може фирма да се заклучи, како би се осигурале дека по грешка нема ништо да се промени во таа фирма?
Да, фирма за која нема повеќе работење (од претходна година и со поднесена завршна сметка или ликвидирана) може да се заклучи, и таа опција се наоѓа во формата за промена на податоци на фирмата, во третиот “таб” (податоци за плата). |
Станав даночен обврзник и имам пополнето даночни тарифи во шифрарникот на производи, но кога вадам фискална не се прикажува обврската за данокот. Што треба да сетирам?
На ниво на податоци за фирма, во табот за Податоци за плата треба да се сетира Даночен обврзник: ДА и истото да се ажурира со Ф9. |
При обид за најава во програм ми се јавува порака "Надминат е бројот на корисници".
Согласно новиот принцип на Zonel Software, во програмот можат да се најават истовремено онолкав број на корисници колку што клиентот има купени лиценци за работа во програмот. Инсталацијата на дополнителен компјутер не значи и нова лиценца. |