Додадена е опција со која се бришат ставките од налози кои имаат конто со внесен префикс.
Опцијата се наоѓа во Финансово – налози книжење – специјални опции каде има додадено нова опција Бришење на книжења со префикс на конто.
При избор на опцијата се појавува панел во кој се внесува префикс на конто и со клик на копчето Во ред се бришат ставките од соодветниот налог.
Додадената опција за масовна промена на конта од книжења за определен период и селектирани (незаклучени) налози.
Опцијата се повикува од Финансово – > Налози – > Специјални опции – > Промена на конто за селектирани налози.
Изработен е нов панел за импортирање на изводи од Комерцијална Банка АД – Скопје
Како и претходната опција, така и оваа се повикува од Финансово –> налози -> Книжење -> Импорт Изводи ( се бира Комерцијална Банка)
И се појавува панел на кој има четири копчиња ( Водечка Датотека, Содржина на Извод, Импортирај и Излез) и четири полиња ( Извод број, Датум, Должи и Побарува), во кои се запишуваат податоци.
Во полињата Број на извод и Датум се запишуваат податоците од водечката датотека, додека во полињата Должи и Побарува се запишуваат податоци од содржината на изводот.
Додадена можност при печатење на аналитичка картица за одреден период да се прикажува соодветното салдо за избраниот период.
Во Финансово –> Аналитика се бира конто
Потоа на промена на период Ф6 се задава периодот за кој сакате да испечатите /видите аналитичка картица
Според тоа на печатење ќе видите дека се прикажува соодветното салдо за избраниот период.