Согласно новите законски измени за издавање на попуст при тековна продажба директно од продавница тоа може да го направите последоватено три дена без обврска да направите нивелација на целата количина која ја имате во моментот во продавницата.

Во HELIX тоа едноставно можете да го направите со изразување на рабат за одреден производ во каса.

По одбирање на производот со Ф5 од тастатурата се позиционираме на полето за попуст и притоа со внесување на соодветен број на процент и потврдување на истото излегува фискална сметка со издаден попуст на производот.

Со оваа опција по затварање на промет во ЕТ книгата се генерираат автоматски калкулации, ДП калкулација која е прометот направен во текот на денот и Нивелација по ДФИ соодветно со бројот на ДП калкулацијата која е соодветна на износот на попуст кој е издаден преку каса.

Записите кои се прават во трговска книга согласно насоките од испекторите се со запис прво на Нивелацијата со соодветен минусен износ во колона 6 и дневниот финнсиски извештај со позитивен износ како вредност во колона 7 со позитивен број.

Истиот преглед кој го имаме во ЕТ книгата на преглед е достапен и во печатена форма.

Печатењето на ДП калкулацијата се прави преку малопродажните документи, соодветно денот кога се изгенерирани документите се прикажани на преглед со соодветен датум. За печатење на истите потребно е да се позиционирате на ДП калкулацијата и во содржина на истата да направите печатење. На копчето Печати калкулација Ф2, се добива следниот вид на печатење.

Овој износ кој го имате тука треба да е соодветен на износот со Дневниот финансиски извештај испечатен од фискалниот принтер.

За да се испечатат посебно производите за кои е издаден попуст при продажба потребно е да сте влезени во содржината на истата ДП калкулација и во печатење да одбереме печатење само на производи со рабат.

Во ова печатење добиваме можност да печатење на таа Нивелација која автоматски се појавува во Трговската книга. Во печатењето се прикажани само оние производи за кои е издаден попуст при тековна работа во каса. Согласно потребите на инспекциските служни овој документ е со назив Нивелација по ДФИ.