Во продолжение накратко ќе објасниме како самите можете да направите мали промени на урнекот на фактура, односно како да поставите лого на самиот урнек на фактура и доколку немате потреба од некоја колона која ја има во дифолтниот урнек кој оди првично со самата инсталација на програмот како истата да ја тргнете.

Потребно да бидете влезени во содржината на веќе креираната калкулација односно излезна фактура, од десната страна во горниот агол освен копчето Preview  треба да ја селектирате и можноста Design, па потоа со кликање на копчето Фактура Ф4 се отвара самиот урнек на фактура со можност за дизајн.

За поставување на лого потребно е од левата страна на дизајн формата да ја кликнете иконата со сликичка , потоа треба да се одбере местото каде што треба да стои логото.

По позиционирање на местото каде што сакаме да ја поставиме сликата се отвара ново прозорче каде што треба да одберете која слика сакате да ја поставите како лого.

Со кликање на првата икона се отвара патека на самиот компјутер од каде соодветно си ја одбирате сликата која претходно е снимена на некоја локација, се одбира сликата и доколку истата е во ред потврда се прави на зелената штикла, ако не е во ред сликата се поништува на црвениот икс.

Доколку е во ред, логото се поставува на местото кое претходно сте го избрале за поставување на истото. Може да се прави соодветно зголемување, намалување. Со кликање на самата слика и влечење нагоре, надоле или пак во ширина на црните коцкички.

Во самиот урнек може да правите поместување на колоните, со самото кликање на нив откако ќе добијат формат како квадрат, со држење на глувчето и повлекување можете да ги преместите на соодветно место.

Доколку не ја користите пример целат колона за реден број, може да кликнете на неа и со десен клик од глушецот истата да ја избришете.

За да можете да ги видите промените кои сте ги направиле во самиот урнек треба да ги користите копчиња во горниот дел.

Листот со лупата ви овозможува брз преглед, доколку Ви се во ред промените најважно од се е истите да ги зачувате и што е најбитно со различно име од дифолтната фактура.

Снимањето на урнекот под друго име треба да го направите преку File, Save as.

Снимањето се прави на соодветната патека како на сликата

Снимањето на фактурата треба да биде со друго име поради тоа што при имплементација на нова верзија да не дојде до преклопување на урнеците.

По снимањето на изменетата фактура треба да ја поставите во менито за избор на Фирми.

Се позиционирате на фирмата и во промена во вториот таб, дополнителни податоци во полето фактура на трите точки се отвара фолдер. Ја избирате фактурата која ја имате креирано и ја отворате на копчето OPEN.

На овој начин го поставувате изготвениот урнек.

За дополнителни информации како да дизајнирате свој урнек на фактура Ве повикуваме да ја погледнете следната Видео обука.