Секојдневно имате многу приемни документи за внесување? Секојдневни набавки, или неколку месечни, но со голем број производи? Големи увозни фактури?
Знам сигурно дека трошите многу време на нивно препишување и внес во HELIX! Многу време, ангажман, ресурси и неизбежно често мора да има грешки! Иако постои автоматско ажурирање и книжење, сепак внесот нема никакви шанси да се замени или автоматизира.
Но, ДАЛИ е навистина така?
Конечно крај за ваквата некреативна активност, а без која не е можно Вашето работење!
Како круна на нашето 30 годишно работење, креиравме опција која е далеку над конкуренцијата и на домашниот и на глобалниот пазар! Крајно флексибилна, со екстремно практичен и лесен пристап за користење! Тоа е ZONEL Scan модулот за оптичко препознавање на фактури од хартија или од pdf датотека и нивно автоматско копирање во влезен документ. Само со неколку клика!
Спој на Вашите потреби за огромна заштеда во време и ресурси и примена на најнапредни алгоритми од вештачката интелигенција!
Зошто ZONEL Scan е задолжителен и незаменлив за Вашиот бизнис, во однос на некои слични решенија на пазарот? Погледнете ги резултатите од нашата анализа:

Со едноставно скенирање или вчитување на pdf документ и со еден клик добивате комплетна, ново креирана калкулација, со автоматски ажурирани финансиски пресметки, лагер листа, материјални картици, комерцијални извештаи, дури и автоматски прокнижена во финансово. Комплетна обработка како што и до сега заслужувавте со HELIX Системот!
Измислено и незаменливо решение за √Продавници, √Маркети, √Магацини со големи домашни или увозни документи, √Книговодствени бироа за водење на голем број малопродажни објекти и продавници!
Не пропуштајте да погледнете како работи оваа опција која дефинитивно ќе ја „избрише“ последната Ваша рачна активност и конечно ќе Ви донесе максимум слободно време, многу повеќе време за анализа и планирање, а и многу повеќе непроценливо време со Вашите најблиски!
Погледнете го неколку минутното видео на следниот линк
Или подетална презентација
Како да ја имате оваа врвна технологија?
Цената за купување е 1490 Eur, но по повод 30 години постоење, до 28.02.2023 година добивате 30% попуст, односно модулот ќе биде Ваш за само 1040 Eur!
За корисници на Aктивен пакет за одржување, уште една поволност која не се пропушта!
ZONEL Scan го добивате гратис за време на траење на договорот, а попустот од 30% важи неограничено. Единствено плаќате само трошоци за имплементација од 199 Eur, која е повеќе од фер замена за неговиот целосен развој во иднина, а истата опфаќа:
- Надградба на соодветна верзија од HELIX
- Инсталација и поврзување на ZONEL Scan со потребните веќе инсталирани модули
- Видео обуки за користење
- Организација на повеќе заеднички ZOOM обуки по потреба на комитентите
- Анализа на одредени документи во случај на нерегуларно препознавање или било какво пријавено отстапување
- Кориснички телефонски консултации и одговори на прашања во врска со користење на ZONEL Scan модулот, преку e-Support Системот за поддршка
- Развој и проширување на ZONEL Scan во делот за малопродажба, со и без задолжителни шифри на производи
- Развој и проширување на ZONEL Scan за скенирање на увозни документи
Од овој момент, само од Вас зависи со која брзина ќе напредува Вашиот бизнис! Затоа побарајте состанок или понуда веднаш!
Ве очекуваме.
Срдечно Ваш
ZONEL Software