Следните сетирања во HELIX програмот се однесуваат на прилагодување на истиот за поедноставно, поорганизирано и побезбедно секојдневно работење.

Дозволени/Забранети фирми за работа

Програмот нуди можност за ограничување на привилегиите на секој од корисниците за работа во одредена фирма која е внесена во програмот. Со оваа привилегија имате можност за ограничување на корисниците во однос на тоа за која фирма ќе им бидат податоците достапни за преглед.

Доделувањето на привилегијата за работа во одредена фирма, односно поставувањето на забраната за преглед на податоците од одредена фирма можете да го поставите на следната патека:

Систем -> Корисници -> Општо -> Дозволени фирми за работа или Забранети фирми за работа

Во овие полиња се внесуваат исклучиво шифрите на фирмите, одвоени со сепаратори “;”.

Со доделувањето на привилегијата за работа на корисникот само во определените фирми, значи дека овој корисник при најава во програмот ќе има можност за преглед само на овие фирми. Останатите фирми воопшто нема да се прикажуваат.

Со поставувањето на забраната за работа на корисникот во определена фирма, всушност значи дека овој корисник при најава во програмот ќе има можност за преглед на сите фирми, освен за оние чија шифра е поставена во ова поле.

**Напомена: Препорачуваме да се сетираат или Дозволени фирми за работа или Забранети фирми за работа, со цел да не дојде до контрадикторности во сетирањата.

Привилегии/Забрани за работа во модул Финансово

Преку системските сетирања во програмот за модулот Финансово работење, постои можност за поставување на ограничувања за корисник во однос на тоа дали да биде воопшто видливо ова мени, а доколку е видливо, дали корисникот при работа во истото ќе има ограничувања во однос на тоа во кои налози ќе може да книжи и/или на кои конта да евидентира настани.

На сликата во овој прилог се подетално прикажани овие забрани т.е. привилегии.

Доколку привилегијата со реден број 61. Видливо мени “Финансово” од менито Финансово не е избрана, тоа би значело дека за овој корисник при најава во програмот нема да биде видливо менито Финансово.

Доколку корисникот има привилегија за работење во модулот финансово, но се јавува потребата за да се врши комплетна проверка врз истото, во програмот постои можност за ограничување на дозволата за работа само во некои од финансовите налози или само на определени конта. Ова можност го олеснува процесот на контрола и можноста од настанување на посериозни грешки при работењето.

За поставувањето на дозволата за работа само во определени налози или само на одредени конта, неопходно е да бидат поставени и привилегиите 3 и 4, односно задолжителна е видливоста на менито Финансово и внесувањето нова ставка во финансов налог.

Исто како и кај доделувањето на привилегијата за дозвола/забрана за работа во одредена фирма во програмот, при поставувањето на дозвола за работа само во одредени налозите и определени контата, истите задолжително се запишуваат одделени со сепаратор “;” .

Заклучување на калкулации од материјално

Поради можноста од несакани грешки при работење со калкулации, во системските сетирања за програмот постои можност за автоматско заклучување на калкулациите веднаш по нивното комплетно креирање или автоматско заклучување на калкулациите во програмот после определен број на изминати денови.

Ова сетирање може да се постави на следната патека:

Систем -> Сетирања -> Општо -> Генералии
(бројот на денови може да се прилагоди рачно)

За да бидат активни овие системски сетирања, неопходно е истите да се изберат и да се кликне на копчето Ажурирај. При повторна најава во програмот, опцијата ќе биде активна.

После поставувањето на ова сетира за автоматско заклучување на калкулациите, препорачливо е барем за некој од корисниците во програмот да се постават кориснички привилегии за отклучување на истите (во случај да се јави потреба од промена на било која калкулација).

Ваквата привилегија се поставува на следната патека:

 Систем ->Корисници -> Материјално -> Излез

Активирањето на овие привилегии ќе му овозможат на корисникот по потреба да има можност од отклучување на определена калкулација или неколку калкулации истовремено.