После надградба на Windows 10 ако сакате да можете непречено да го користите HELIX а во исто време да Ви функционираат Универзалните апликации кои се интегрален дел од Windows 10 (Calculator, Windows Weather, Calendar, Groove Music,…)  треба да ја направите една од процедурите.

ПРОЦЕДУРА 1: Процедурата се спроведува во случај кога имате пристап до HELIX а не можете да ги користите универзалните апликации Windows 10,

ПРОЦЕДУРА 2 Се спроведува во случај кога неможете да го стартувате HELIX. .

ПРОЦЕДУРА 1: Во случај кога е можно да се стартува HELIX

ЧЕКОР 1: Стартувајте го HELIX и во менито Систем одберете ја опцијата Сетирање и во јазичето Општо исклучете ја (дечекирјате ја) Модификација на контролни правила (UAC).  После ова кликнете на копчето Ажурирај за да се прифати промената.

cekor4

ЧЕКОР 2: Кликнете со десен клик на копчето старт и со лев клик изберете ControlPanel

Cekor11

ЧЕКОР 3: Од прозорецот All Control Items изберете ја опцијата User Accounts

cekor2

ЧЕКОР 4: Од прозорецот User Accounts изберете ја опцијата Change User Account Control Settings

cekor21

ЧЕКОР 5: Нивоата на контролни правила кои во моментов Ви се на најниско ниво како на следната слика:

cekor3

Со влечење на синото квадратче нагоре поставете ги на едно од трите повисоки нивоа. Пример на трето ниво како на сликата подолу:

cekor31

После овој чекор компјутерот ќе Ви побара рестартирање. После рестартирањето на компјутерот ќе можете да го користите HELIX  и истовремено без проблем да ги користите Универзалните апликации на Windows 10.

ПРОЦЕДУРА 2: Во случај кога не може да се стартува HELIX

ЧЕКОР 1: Кликнете со десен клик на копчето старт и со лев клик изберете ControlPanel

Cekor11

ЧЕКОР 2: Од прозорецот All Control Items изберете ја опцијата User Accounts

cekor2

ЧЕКОР 3: Од прозорецот User Accounts изберете ја опцијата Change User Account Control Settings

cekor21

ЧЕКОР 4: Нивоата на контролни правила кои во моментов Ви се на едно од трите повисоки нивоа како на следната слика:

cekor31

Треба да го спуштите привремено на најниско ниво како на следната слика:

cekor3

После ова компјутерот ќе Ви побара да рестартирање на компјутерот. Рестартирајте го компјутерот.

ЧЕКОР 5: Стартувајте го HELIX и во менито Систем одберете ја опцијата Сетирање и во јазичето Општо исклучете ја (дечекирјате ја) Модификација на контролни правила (UAC).  После ова кликнете на копчето Ажурирај за да се прифати промената.

cekor4

После овој чекор можете повторно да пристапите на менување на нивото на контрола на пристап повторувајќи ги ЧЕКОРИТЕ 1,2,3 и поставете го нивото на правилата за  контрола на пристап на едно од повисоките 3 нивоа како на следната слика.

cekor31

После овој чекор компјутерот ќе Ви побара рестартирање. После рестартирањето на компјутерот ќе можете да го користите HELIX  и истовремено без проблем да ги користите Универзалните апликации на Windows 10.