33 години грижа за Вашиот бизнис

Прославуваме со ексклузивна понуда
попуст до 33%

Од 1992 до денес – Се грижиме за Вашиот бизнис Освоена доверба од преку 2300 компании и преку 15000 корисници

За кого е наменет HELIX?

Книговодствени бироа

HELIX им овозможува на книговодствените бироа да водат повеќе компании одеднаш – со автоматско книжење, пресметки и прилагодени извештаи. Вклучува дигитално примање документи, автоматски пресметан ДДВ, плати и завршни сметки, со целосна правна усогласеност и значителна заштеда на време.

Големопродажба

HELIX овозможува целосна контрола на големопродажба – од понуда до фактура, со следење на залиха, резервации и ценовници по клиенти. Вклучува рокови на плаќање, попусти, извештаи за добивка и финансиска изложеност, како и теренска дистрибуција преку мобилни уреди за ефикасна продажба на лице место.

Производство

Следливост по лотови, работни налози, пресметка на точна набавна цена на готовиот производ, автоматска пресметка на трошоци и материјали. Поддржува детални нормативи и поврзаност со магацински и финансиски евиденции за реална и навремена слика за ефикасноста и рентабилноста.

Малопродажба

Совршено решение за продавници, маркети, трафики и други малопродажни објекти – поврзување со фискални уреди, управување со акции, попусти и лојалност. Обезбедува брза услуга на каса, точна залиха во реално време и анализа на продажбата по производи,  вработени, со што го подобрува управувањето и профитабилноста.

Угостителство​

HELIX е прилагоден за ресторани, кафулиња и сендвичари – со брзо внесување на нарачки, работа со келнери, менија и поврзаност со кујна. Обезбедува магацинска евиденција по состојки, следење на трошоци и лесна пресметка на набавна вредност на порции, со што се подобрува контролата и ефикасноста на работењето.

Услужни дејности

Совршено решение за транспортни фирми, агенции за обезбедување, ИТ компании и сите што нудат услуги на клиенти. Овозможува масовно фактурирање на месечно ниво, прецизна евиденција по типови на услуги, следење на трошоци и приходи по договори, како и детални анализи и извештаи за донесување подобри деловни одлуки.

Ограничена понуда

За 33 години до 33% попуст

Бесплатна имплементација и обука
Понудата важи до 30.6.2025

Зошто ЗОНЕЛ Софтвер

  • 33 години континуирана работа

  • Локален тим и поддршка

  • Редовни надградби според законски измени

  • Над 2300 компании ни веруваат

Поддршка секогаш на Ваша страна

Нашиот тим на искусни консултанти е тука за вас на секој чекор. Од иницијална имплементација до тековна обука и поддршка, секогаш можете да сметате на брзи и ефикасни одговори на сите Ваши прашања и барања.

Од нашите корисници

Искуството се HELIX е големо во позитивна смисла бидејќи во текот на годините нашата база е збогатена т.е. доработенa со поголем број опции во користење на програмскиот пакет кој пак ни ја олеснува потребата во обработка на материјално финансовата евиденција.
Рамадан
Лимиди
Измислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми а од 1994 година го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување завршни пресметки.
Зоран
Униконт