Ако на едноставно прашање одговарате со „ќе проверам и ќе ви се јавам“, не управувате со податоци. Управувате со претпоставки.
Кога податоците се распоредени низ различни датотеки, програми и сектори, добивањето јасна слика за работењето бара време, проверки и усогласување. HELIX ERP ги поврзува продажбата, залихите, набавките, финансиите, внатрешното сметководство и контролата на работењето во еден систем.
„Колку имаме на залиха?“, „што е нарачано?“, „колку заработивме минатиот месец?“ Ако одговорот бара три датотеки и два телефонски повици, проблемот не е во луѓето. Проблемот е во начинот на кој се поврзани процесите.
Секој сектор работи со своја евиденција. Кога информациите не се поврзани, мора рачно да се усогласуваат пред да може да им се верува.
Ако движењето на производите се евидентира со задоцнување или подоцна се препишува, состојбата во системот тешко може да се совпаѓа со состојбата во магацинот.
Истите податоци се внесуваат на повеќе места и се проверуваат повторно. Тоа одзема време и создава дополнителен простор за грешки.
Кога извештајот треба да се состави од повеќе извори, информацијата често пристигнува кога одлуката веќе чека.
Кога процесите се поврзани, податокот што еднаш ќе се внесе може да служи на повеќе сектори — без повторно препишување и без чекање да се „усогласат“ информациите.
Преглед на понуди, нарачки и фактурирање на едно место, поврзани со состојбата на залихите и со финансиските податоци.
Попрецизен увид во движењето на производот и во тоа каде се наоѓа, со помалку рачно усогласување помеѓу магацинот и канцеларијата.
Планирајте ги набавките врз основа на реалните податоци за продажбата и залихите, наместо врз претпоставки и одделни пресметки.
Финансиските информации следат од реалните деловни настани, што го намалува повторното внесување и ја подобрува следливоста.
Сметководството работи врз податоци што веќе се во системот, наместо врз документи што мора одново да се собираат и препишуваат.
Подобар преглед на тоа што се случува во компанијата, за да можат одлуките да се носат врз појасна слика.
Со работа на мобилни уреди, движењето на производите може да се евидентира веднаш во магацинот или на терен. Така се намалува дополнителното рачно внесување во канцеларија и разликата помеѓу реалната и евидентираната состојба.
Креатор Плус е модул што овозможува креирање на неограничен број сопствени извештаи, приспособени на тоа што му треба на вашето работење — наместо да се прилагодувате на готови извештаи што не го покриваат вашето прашање.
Податоците во HELIX ERP стануваат појасни кога покрај нив имате и советник што ви помага да ги разберете. АИ советникот ви овозможува професионални анализи и извештаи врз податоците од вашето работење — за да доаѓате побрзо од прашањето до одговорот што ви треба за одлука.
Подготвена е анализа со преглед по групи, споредба со претходниот период и издвоени ставки што бараат внимание.
На демото го разгледуваме системот низ примери блиски до вашата дејност — со процесите, документите и извештаите што ги користите во пракса.
Поврзување на нарачките, залихите и набавките, за да се знае што е на залиха, што е нарачано и што треба да се дополни.
Попрегледно следење на продажбата и залихите по артикли и локации, со помалку рачно усогласување.
Подобра контрола на набавките на материјали, залихите и движењето низ процесот, поврзани со финансиските податоци.
Преглед на залихите и движењето на производите меѓу магацините, со евидентирање на мобилни уреди на самото место.
Евидентирање на продажбата и испораката на терен, без дополнително препишување кога тимот ќе се врати во канцеларија.
Поврзување на услугите, фактурирањето и финансиите, со извештаи приспособени на начинот на кој вие ја мерите работата.
Почнувањето на 1 јануари со нов систем е најчистиот начин: нова деловна година, нови почетни состојби, без мешање на стар и нов начин на работа усред годината. Но поставувањето, преносот на податоци и обуката бараат време, а календарот не чека.
Преминот на почеток на деловна година избегнува работа со два системи паралелно во текот на годината и ги поедноставува почетните состојби.
Крајот на годината е природен момент да се усогласат залихите и податоците, па новиот систем да започне од проверена основа.
Колку подоцна се одлучи, толку помалку време остануваат за подготовка, тестирање и обука на тимот пред новата година.
Рачните проверки, повторното внесување и задоцнетите извештаи не исчезнуваат сами од себе. Колку подолго се одложува промената, толку подолго компанијата ја плаќа цената во време, грешки и пропуштени информации.
Софтверот е само почеток. Вистинскиот тест е кој стои зад него кога нешто мора да се реши брзо.
Прашања, консултации и решавање проблеми од искусен тим, од 8 до 16 часот во работно време.
Кога ќе се појави технички проблем, имате тим на кој може да се обратите за помош и решение.
Кога законските измени го бараат тоа, софтверот се прилагодува, за да не мора вашиот тим сам да се снаоѓа со промените.
HELIX ERP континуирано се развива, а новите верзии носат подобрувања и нови можности за вашето работење.
Најголемата вредност не е во тоа да ги пренесете старите навики во нов програм. Нашите консултанти ви помагаат да ги преиспитате и да ги прилагодите бизнис процесите — од набавки и залихи до извештаи и контрола — за софтверот да го поддржува растот на вашата компанија.
Презентацијата е можност да видите како HELIX ERP би изгледал во вашиот случај — со процесите, магацините и извештаите што се важни за вашата компанија.
Прво разбираме како денес работите: каде се чуваат податоците, што се проверува рачно и кои извештаи ви недостасуваат.
Гледате како продажбата, залихите, набавките и финансиите се поврзуваат во примери блиски до вашата дејност.
Се прикажува како движењето на производот може да се евидентира на мобилен уред, таму каде што настанува.
Разгледуваме кои извештаи ви требаат, како може да се креираат со Креатор Плус и како АИ советникот помага во професионални анализи врз вашите податоци.
Закажете состанок или преземете демо од ЗОНЕЛ Софтвер и погледнете како HELIX ERP може да ги поврзе продажбата, залихите, набавките, финансиите и контролата на работењето во вашата компанија.
На состанокот го разгледуваме решението во контекст на вашата дејност и на процесите што ги користите.
Направете бесплатна проценка и веднаш дознајте каде се наоѓате и што треба да подготвите.
Провери ја подготвеноста на твојата фирма за е-Фактура.