Со нескриено задоволство Ви ја претставуваме Верзија 10 на HELIX — следниот голем чекор во развојот на нашето ERP решение, креиран за да го подигне Вашето деловно работење на уште повисоко ниво. Оваа најнова верзија доаѓа со низа иновативни функции, подобрена стабилност и уште поинтуитивна корисничка околина, дизајнирани да Ви обезбедат поголема прецизност, побрзи операции и подобра контрола над сите важни бизнис процеси. Верзија 10 е резултат на внимателно следење на реалните потреби на корисниците и континуирано усовршување на системот — со фокус на автоматизација, дигитална трансформација, поефикасни работни текови и зголемена продуктивност во секој аспект од работењето.

Само некои од новостите:

  • Додадена е можност за пуштање на почетна состојба во истата година без отворање на нови години;
  • Мултиформ – Можност за истовремено отворање на повеќе форми (прозорци) истовремено: материјални документи, малопродажни документи, лагер, материјална картица;
  • Додадена е нова опција за внес на теркови за финансово книжење на трошковни фактури директно во финансово;
  • Додадена е опција за можност за повикување на материјална картица за повеќе години;
  • Направено нова опција за копирање на конта од еден во друг контен план;
  • Овозможен пристап до извештаите од Креатор Плус преку ВЕБ;
  • Додадена опција за импорт на банкарски извод од Силк Роуд Банк

Сите новини имплементирани во Верзија 10.00 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 10.00