Живееме во време на пребрзи и постојани технолошки промени, особено во сферата на информатичката технологија. Новите системи, платформи и безбедносни стандарди покрај тоа што се предизвик, се развиваат со невидено темпо, а со нив се менуваат и начините на кои функционира секој современ деловен систем.
HELIX ERP, како централна алка и „крвоток“ на вашето работење, кој и самиот е резултат на технолошки развој во областа на информатичка технологија , не може да остане во минатото туку неопходно е да биде во чекор со тие промени, за да продолжи да обезбедува стабилност, сигурност и континуитет на вашиот бизнис.
Со овој допис ве информирам дека технолошките усовршувања на платформите и компонентите врз кои се базира HELIX ERP имплицираат потреба од нова, опционална, стратешка насока во нашата соработка со воведување дополнителна можност за техничко одржување на HELIX ERP, со кое ќе се овозможи континуитет на техничка надградба на системот со најновите технологии и за кое сум сигурен дека ќе биде правилно препознаено како гаранција за многу попродуктивни резултати во иднина и ќе резултира со одлука за интерес од ваша страна.
Во последните години, технолошките промени и новите безбедносни ограничувања создадоа големи разлики помеѓу системите на различни клиенти, што го отежнува и забавува нашиот одговор и можноста за навремена и ефикасна поддршка.
Технички аргументи кои ја поткрепуваат оваа стратешка промена
- HELIX, како ERP систем, функционира стабилно само во технички усогласена средина. Ова не значи само нов оперативен систем, туку и најнови .NET компоненти, SQL Server, системски библиотеки, драјвери, посредни протоколи и уште многу технички предуслови.
- Microsoft технологиите се менуваат постојано – секое ново издание на .NET или SQL Server носи промени што влијаат на начинот на кој HELIX обработува и чува податоци.
- Новите MS SQL Server верзии обезбедуваат побрза и посигурна работа, со подобрена мемориска оптимизација и backup процеси кои старите системи не ги поддржуваат.
- Стари верзии на SQL Server (2008, 2012, 2014) повеќе не се поддржани од Microsoft, што значи дека безбедноста на податоците не е загарантирана – тоа претставува голема ранливост и реална опасност за можен губиток или компромитираност на податоците.
- Windows често воведува нови ограничувања и пермисии, што може да го блокира пристапот на HELIX до податочните бази, документи или печатење, без навремена техничка адаптација.
- Backup процесите бараат постојано усогласување. Новите антивирусни решенија и политики често ги блокираат старите методи за снимање или враќање на податоци.
- Мрежните протоколи се менуваат, а старите (како SMBv1, NTLMv1) веќе се укинати, што може да ја прекине конекцијата на HELIX со податоците.
- Современите PDF и принт компоненти бараат ажурирани драјвери, за да се избегнат грешки при извоз или печатење на документи.
- HELIX користи runtime и online компоненти кои се развиваат независно. Без редовна усогласеност, овие делови престануваат да работат на постари верзии.
- Microsoft веќе не гарантира стабилност и безбедност за некои стари оперативни системи. Без техничка адаптација, HELIX не може да функционира сигурно, а ризикот од губење податоци станува сериозен и реален.
- Подобрени перформанси и нови методи на ниво на податочна база. MS SQL Server платформата напредува со брзи и ефективни чекори. HELIX ERP редовно се надградува со користење на се понови функциски, процедурални и командни можности, кои не постојат во постари верзии, а претставуваат значително побрзо извршување на клучни операции и резултати.
И уште многу технички ситуации со кои се соочуваме секојдневно, а во последно време се почесто се нарекуваат „напредок“ во технологиите. Ова од една страна не радува и нашата екипа успешно го следи, а од друга страна рапидно се зголемува растојанието меѓу корисниците кои сметаат дека моменталната системска околина им е доволна и нашата успешна поддршка.
Поедноставно кажано, ZONEL Software со успех ги следи технологиите, а инсталациите кои не се редовно надградувани, не е можно да бидат сервисирани доколку затреба, било по потреба, или со интервенција во и вон гарантен тип. Ова не се однесува на надградби со нови подобрувања или законски измени, туку за најосновна техничка поддршка на било која функционалност на системот.
Очекувани резултати и придобивки од оваа промена
Со воведувањето на техничко одржување, се подобрува нашата заедничка ефикасност и сигурност во соработката.
ZONEL Software ќе може навремено да интервенира, да обезбедува поддршка под гарантни услови и да ги имплементира технолошките трендови, а корисникот ќе има стабилен, брз и безбеден систем кој е секогаш подготвен за идни надградби.
Оваа промена е дел од долгорочна стратегија што обезбедува предвидливост, стабилност и долгорочна вредност за двете страни.
Цена
Цената за ваков тип обезбедување непречено, загарантирано и безбедно работење на вашиот систем во иднина, ја сведовме на минимално исплатливи, една до три незадолжителни интервенции годишно. Од наше искуство, пакет надградби би биле реализирани најмалку еднаш, а по потреба два до три пати, или повеќе годишно. Наплатата ќе биде за една година однапред, во износ зависно од бројот на инсталирани кориснички лиценци и тоа во пакети, според следната табела:
Оваа цена, пресметано на месечно ниво претставува од 0,94 до 2,5 Eur по корисник, или како средна вредност, околу 4,5 денари дневно. За ваков минимален надомест, корисникот добива долгорочна сигурност, побрза техничка реакција и гаранција дека HELIX ќе остане во полна функција и во идните верзии на Windows и SQL Server. Оваа наша одлука е во Ваш интерес, како неопходна потреба за ефикасност и стабилност и држење чекор со новите технологии заради решавање на ситуациите со кои се соочуваме секојдневно при поддршката на нашите корисници. Во оваа цена вклучени се сите програмерски имплементации и адаптации на HELIX ERP за таа цел.
Затоа, на оваа понуда не треба да се гледа само како нов финансиски трошок – туку како неопходен чекор и вложување во иднината на системот, што треба да обезбеди еднаков, сигурен и предвидлив квалитет на поддршката за сите корисници кои сериозно се потпираат на HELIX ERP во своето секојдневно работење.
Опционално, не задолжително. Сепак и понатаму остануваме доследни изборот да биде Ваш. Ова одржување не е задолжително, но доколку Вашата верзија остане „зад“ технолошките промени, секоја интервенција може да биде значително забавена и финансиски зголемена поради сите испрограмирани адаптации во меѓувреме. Затоа апелираме кон оние корисници кои сериозно го користат HELIX ERP, со минимален надомест да си обезбедат неограничена иднина на софтверот кој е крвоток на целиот свој бизнис. За корисници со Активен пакет, ова одржување ќе биде вклучено во постоечкиот пакет.
Заклучок
Оваа новина не е задолжителна, но е силно препорачлива за сите кои сериозно сакаат да продолжат со користење на HELIX ERP во иднина.
Во суштина, ова е win–win ситуација, во која корисникот добива повеќекратно поголема вредност од вложеното: стабилен систем, сигурни податоци и гарантирана техничка поддршка без ризик.
Ние не го воведуваме ова од корист, туку од одговорност – за да можеме навремено и ефикасно да одговориме на секој технички предизвик и да ви овозможиме стабилна работа кај секој корисник.
Корисниците кои ќе одлучат да не го вклучат техничкото одржување, можно е да се соочат со многу забавена или дури невозможна интервентна поддршка во случај на сериозни оштетувања на податоците или системот.
Гаранцијата на HELIX е доживотна — но доживотна е само во услови каде животот на системот постои. А животот на системот го обезбедува токму техничкото одржување. .
HELIX ERP е доживотно решение, но секој „жив систем“ мора да расте заедно со технологијата. Без техничка адаптација — гаранцијата станува теоретска, а ризиците реални. Со техничкото одржување, не плаќате дополнителен трошок, туку обезбедувате сигурност, предвидливост и долгорочна стабилност на вашиот бизнис.
Сигурен сум дека вредноста и целта на оваа стратешка новина ќе биде препознаена и дека ќе наиде на прифаќање од Ваша страна, како корисен и неопходен чекор кон сигурност и модерност во користењето на HELIX ERP.
Доколку и Вие сметате дека гаранцијата за иднината на вашиот бизнис е паметна одлука, пополнете ја формата на следниот линк: кликнете тука.

