Дали водите WooCommerce веб продавница и рачно внесувате  нарачки, цени и залихи? Време е да се ослободите од непотребната работа и да преминете на целосно автоматизирано решение со HELIX ERP!

Зошто да ја поврзете вашата WooCommerce продавница со HELIX?

👉 Креирање производи директно од HELIX – наместо дупли податоци, секој нов производ кој го внесувате во HELIX автоматски се префрла и во веб продавницата.
👉 Промена на цени со неколку клика – промените во HELIX веднаш се рефлектираат и онлајн.
👉 Нарачките автоматски креираат  документ во HELIX – секоја нова нарачка од веб продавницата се пренесува во HELIX како дел од вашите калкулации и залихи.
👉 Без рачна работа, без грешки – интеграцијата ја елиминира човечката грешка и го оптимизира процесот.
👉 Целосна синхронизација со вашиот ERP – без потреба од дополнителен софтвер, рачно пренесување или табели.

Брзо и лесно поврзување преку API

Нашиот тим обезбедува брза и едноставна интеграција преку сигурен API. Поврзувањето е технички едноставно и одзема минимално време – вие само продолжувате да си ја водите продавницата, а HELIX ќе се погрижи за останатото.

Без трошок за поврзување!

Интеграцијата не бара дополнителна инвестиција – плаќате само минимален  месечен трошок за користење на оваа функционалност.

Имате WooCommerce продавница?

Купете HELIX и добивате ERP поврзано решение – подготвено да Ви заштеди време, нерви и ресурси!