Работевме посветено и овој период. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирањето на Вашиот бизнис. Гаранција дека секогаш ќе бидете чекор пред Вашата конкуренција! HELIX во моментов е единствено решение на пазарот кое овозможува на бизнисите да работат без застој!
Законска 126 (07.05.2025): Измена на Националната класификација на дејности (84/25) во класата 69.10 Правни дејности (Структура на приходи по дејност)
Оваа законска измена се однесува на Одлуката за изменување на Одлуката за донесување на Националната класификација на дејностите – НКД РЕВ. 2.1 објавена во Службен весник“, бр. 84/25 од 24 април 2025 година.
Со измената на Националната класификација на дејностите НКД РЕВ.2.1 во секторот N/Л „СТРУЧНИ, НАУЧНИ И ТЕХНИЧКИ ДЕЈНОСТИ“, оддел 69 „Правни и сметководствени дејности“, група 69.1 „Правни дејности“, класата 69.10 „Правни дејности“ е заменета со нова класа 69.10 „Правни дејности“.
Во HELIX оваа промена се гледа во Менито: Завршна (периодична) пресметка – Струкктура по приходи на дејности.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.