Динамички персонализирани извештаи
Овие извештаи црпат податоци од фирмата и периодот кои се предмет на ваша обработка во моментот на најава во системот и користење на Креатор ПЛУС.
Една од потребите за користење на персонализирани динамички извештаи е на пример, детална анализа на продажбата на вашите производи според клиент, дистрибутер, регион, количина, итн. Пример за таков извештај во кој се додадени и динамички филтри е прикажан на Слика 1.
Филтрирањето е една од подобрените функционалности во овој модул, каде особено е олеснето додавањето на периоди. Исто така овозможено е автоматско додавање на колони со реден број (индексирање) и експорт во csv формат доколку извештајот надминува 65000 редици.